По феноменалната партија против Мемфис, Џон Вол и Визардс гостуваа кај вицешампионот Оклахома. И покрај убедливиот пораз и фактите дека одигра една лоша, шутерски гледано, ужанса утакмица, плејмејкерот на Визардс не ја загуби самодовербата.
Во разговор со новинарите после натпеварот, Вол истакна дека смета дека тој е најбрз играч во лигата. Припадниците на “седмата сила“, го потенцираа прашањето за брзината на Вол со обзир на тоа дека вчера противник му беше Расел Вестбрук, бекот на Тандер кој јавноста го смета за најексплозивен играч во лигата. Сепак, бившиот студент на Кентаки не го гледа Вестбрук ниту во Топ 5те најбрзи играчи на лигата.
“Кога би морал да изберам најбрз играч во лигата, тогаш би бил самиот јас. Реално, тешко е да се процени бидејќи има неколку експлозивни играчи во лигата. Дерик Роуз кога е здрав, Мајк Конли е поприлично брз, Тај Лосон исто така. Сепак, покрај сите нив, јас на првото место би се ставил себе си“,
вели Вол, кој сепак на одреден начин му оддаде признание на Вестбрук, велејќи дека ќе го следи неговиот пример и ќе прави слична кариера на неговата.
!–->!–->
0 comments:
Post a Comment