Со повредата на Кевин Гарнет, кој ќе отсуствува две недели, се забележува недостатокот на високи играчи и физичка игра во рекетот на Селтикс, што повторно ги чинеше пораз против Њу Јорк Никс, нивни петти во низа.
Секако дека од голема корист ќе им беше некој како Кенјон Мартин, играч кој што станува се поважен дел во ротацијата на Никси, а беше потпишан пред само 20тина дена.
Но Селтикси сепак не се решија да го доведат Кеј-Март во нивните редови, а истиот не штедеше зборови по победата над Селтикс синоќа.
“Нивна вина е што не ме ангажираа. Имаше шпекулации, имаше и разговори на таа тема. Но тие сепак не сакаа да заиграм со нив. Но сепак, тие изгубија, а јас сум дел од Никс моментално.“ - изјави Мартин по победата на Никси синоќа во ТД Гарден, што беше нивна петта во низа.
0 comments:
Post a Comment