Home » , » Коби постигнува 81 поен, пишува историја

Коби постигнува 81 поен, пишува историја

Written By Anonymous on 23.3.13 | 19:01

Каде бевте на 22. јануари 2006 година? Тоа е ноќ која кошарката ќе го памти перформансот на Коби Брајант против Торонто, некое подолго време.

Коби Брајант постигна 81 поен во победата над Рапторс со резултат од 122-104. Овие 81. поени се вторите највисоки поени постигнати од еден НБА играч во историјата на НБА лигата. Пред Коби се само, 100те поени на Вилт Чемберлејн.

Бидејќи неверојатната ноќ на Вилт не е снимана, односно ја нема како видео снимка туку само како радио снимка, ноќта на Коби кога постигна 81 поен е нешто што до тогаш не го видела НБА лигата. Сега, неколку години подоцна, луѓето сеуште зборуваат за оваа неверојатна ноќ на Коби Брајант.

“Сум видел многу убави натпревари, но никогаш не сум видел ваков натпревар до сега“,

рече тогашниот тренер на Лејкерси, Фил Џексон, кој играше против Чемберлејн и го тренираше Џордан во Булси.

Коби како што повеќето знаете натпреварот го заврши со 81 поени, со шут од поле 28/46 и шут за 3 поени 7/13. Од линијата за слободни фрлања шутираше 18/20. Одигра скоро 42 минути, покрај 81 поени имаше и 6 скока, 2 асистенции, 3 украдени топки и 1 блокиран шут.

Коби Брајант на крајот на третата четвртина имаше неверојатни 62 поени.

Коби Брајант со овие 81 поени е на вечната листа на најмногу постигнати поени на еден натпревар пред легенди кои имаат постигнато 78, 73, 71, 70.

Еве ја листата:

1. Вилт Чемберлејн - 100
2. Коби Брајант - 81
3. Вилт Чемберлејн - 78
4. Вилт Чемберлејн - 73
    Вилт Чемберлејн - 73
    Дејвид Топмсон - 73
7. Вилт Чемберлејн - 72
8. Елџин Бејлор - 71
    Дејвид Робинсон - 71
10. Вилт Чемберлејн - 70

ВИДЕО:

1 comments:

  1. Коби на крајот од 3тата четвртина имаше 53 поени, а имаше 62 последователни поени од линијата за слободни фрлања.

    ReplyDelete