Home » , » Рик Аделман ја напушта клупата на Минесота на крајот од сезоната?

Рик Аделман ја напушта клупата на Минесота на крајот од сезоната?

Written By Anonymous on 23.3.13 | 00:02


Тренерот на Минесота Тимбервулвс, Рик Аделман веќе два пати оваа сезона беше блиску до напуштање на клупата на Минесота, но на лето најверојатно е дека ќе се повлече навистина.

Имено, неговата сопруга има сериозни здравствени проблеми и тој реши да и се посвети неа. Аделман, иначе, е 8. тренер во историјата на НБА лигата по бројот на победи, а втор меѓу активните тренери зад Џорџ Карл.

Тој рече дека неговата сопруга Мери Кеј е подобро, но дури во април ќе се дознае повеќе за нејзината состојба. Во овој момен,т поради повреди, сезоната за Вулвси се претвори во кошмар со скор од 23-42.

Се повеќе се шпекулира дека клупата на Минесота ќе ја преземе Тери Портер.

0 comments:

Post a Comment