Главната приказна на теренот ја водеше токму “Црната Мамба“. И имаше што да покаже. Коби се одлучи да ги преземе Лејкерси на свој грб, повеќе не го интересираат повредите на Пау Гасол, Двајт Хауард и Стив Неш. Тој може, сака, и ќе сака да работи се сам. Вчера даде 33 поени, асистираше 5 пати и фати исто така 5 скока.
“Само сакам да го одведам мојот тим во плејофот. Моментално играм за една единствена работа - а тоа е освојување на титулата“,
дециден е Брајант. И така изгледа. Откако заврши Ол Старот, Брајант ја подигна формата, а за тоа најдобро зборува податокот дека на 18 натпревари пред Ол Старот за три шутираше 9/49, а откако се заврши овој ревијален натпревар погоди 8 од 14 шута.
На мечот со Минесота, Брајант запиша и 2 украдени топки, а баш и толку му требаа за да дојде до цифрата 1800 украдени топки во кариерата. Со тоа стана дури 15. играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до толку украдени топки.
“Откако се заврши Ол Старот, влегов во напаѓачки ритам. Сега за тоа е време. Се ближи плејофот, почнуваме да играме се подобро, се вклучуваме за трката во плејофот. Беше крајно време“,
завршува Брајант.
0 comments:
Post a Comment