Home » , » Коби Брајант лут на Фишер поради потпишувањето со Оклахома

Коби Брајант лут на Фишер поради потпишувањето со Оклахома

Written By Anonymous on 28.2.13 | 13:44


Дерек Фишер неодамна се врати во НБА лигата по што потпиша договор со Оклахома Сити Тандер. Овој човек со тоа го навлече гневот на јавноста поради тоа што сезоната ја почна со Далас, а потоа го напушти тимот од Тексас наводно за да го следи развојот на своите деца.

Малкумина веруваа дека Фишер ќе и се врати на кошарката, а уште помалку беа оние кои веруваа дека нема да се врати во Далас. И потоа, Фишер, кој е во потрага на 6-тиот прстен, одлучи повторно да го облече дресот на Оклахома, клубот со кој ја заврши минатата сезона.

“Не сум задоволен од она што го направи. Колку што го познавам сигурно е во добра форма. Минатата година беше тешка за него, преговараше околу лок-аутот и потоа загуби, не успеа да најде договор“,

вели Брајант кој ја оцени одлуката на Фишер како лоша. Но, сепак и покрај големиот број на години кои ги има Фишер, Коби смета дека тој ќе му придонесе на новиот тим.

“Мислам дека тој има сеуште гориво во резервоарот. Сигурно ќе му помогне на тој тим“,

вели Брајант.

0 comments:

Post a Comment