Home » , » Меџик со “скај-хук“ ги руши Селтикси

Меџик со “скај-хук“ ги руши Селтикси

Written By Anonymous on 11.3.13 | 13:02

Се наближуваше крајот на ’80тите години, а скоро секое финале играно во таа деценија беше помеѓу Селтикси и Лејкерси. Овие два тима пред тоа во финалето во минатите децении беа сретнати само три пати. Но, финалето од 1987. година ја одбележа новата ера на НБА лигата.

Лејкерси водеа 2-1, натпреварот 4 се играше во Бостон. Доколку Селтикси победеа ке беа повторно во игра, но доколку изгубеа ќе значеше нова изгубена титула, и тоа не од било кој туку од ривалите Лејкерси.

На полувремете Бостон водеше со високи +16 разлика, но Лејкерси успеаа да се вратат на само 8 поени разлика на три минути до крајот, а на 30 секунди до крајот резултатот беше 103-102. Пик енд ролот на Меџик Џонсон и Карим Абдул-Џабар беше успешен Лејкерси поентираа, а веднаш потоа тројка погоди Лери Брд на 12 секунди до крајот. Лејкерси и натаму имаа водство. На следниот напад Карим беше фаулиран, едно слободно фрлање погоди, другото го промаши. Но, по промашеното фрлање, Бостон не успеа да ја фати топката и таа му припадна на Лејкерси.

По тајмаутот, Џонсон го прифати пасот од страна. Џабар упорно му ја бараше топката, но тој не  ја подаде. Беше самоуверен. Сакаше да фрла, но на патот му се најде Кевин МекХејл, а и Лери Брд и Периш беа блиску до него. Џонсон влезе кон рекетот, успеа да фрли, старомоден “скај-хук“ и топката некако влезе во обрачот. По промашениот шут на Брд, Лејкерси победија со 107-106, и во 6. натпревар ја освоиа титулата.

Покрај сето тоа, Џонсон го постигна победничкиот шут со “скај-хук“, а знаеме дека тој шут беше главното оружје на Џабар.

“Очекувате Лејкерси да ве победат со скај-хук, но не очекувате тој шут да биде од Меџик“,

рече Лери Брд по натпреварот.

0 comments:

Post a Comment