Home » , » Лејкерси поставуваат НБА рекорд со 33 последователни победи

Лејкерси поставуваат НБА рекорд со 33 последователни победи

Written By Anonymous on 10.3.13 | 23:10

Лејкерси во сезоната 1971-72 не беа ниту малку млади. Вилт Чемберлејн беше во 35тата година од животот, Џери Вест имаше 33 години, а капитенот на тимот Елџин Бејлор имаше 37, и требаше да се пензионира по само 8 натпревари од отварањето на сезоната поради проблеми со колената.

Но, новиот тренер на Лејкерси Бил Шерман направи неколку клучни потези за да ги врати Лејкерси во “игра“. Тој го стави Гаил Гудрич во првата петторка и тој заедно со Џери Вест беше задолжен за да ја креира играта. Чемберлејн играше добра одбрана и ги местеше соиграчите за одбраната. Џим МекМилан го замени Елџин Бејлор во стартната петторка, и Лејкерси останаа “жешки“ на почетокот од сезоната, а дури и по почетокот.

На 5. ноември 1971, Лејкерси ги победија Балтимор Булетс со 110-106, и потоа не загубија натпревар следните два месеци. На 21. декември, тие ја победија Атланта со 104-95 за низа од 21 последователна победа и така го срушија рекордот на Милвоки Бакс од 20 победи во низа, поставен една година пред таа 1971.

На 22. декември тие ги победуваат повторно Булетси со 127-120 и ја запишуваат 27 последователна победа по ред, и со тоа ја поставуваат најдолгата серија на сите времиња во американсктие спортови. Рекордот до тогаш беше во сопственост на Њу Јорк Гианст кој во 1916. година имаа врзано 26 победи по ред. Лејекрси својата 33 победа по ред ја остварија победувајќи ги Хокси со 134-90 на 7. јануари 1972 година, а два вечери потоа се поразени од Бакси со 120-104.

“Знаевме дека мора да заврши негде. Јас би ги заменил сите овие рекорди за титула“,

рече Шерман. Друг коментар за ова не беше потребен, Лејкерси сезоната ја завршија први на Западот со скор од 69-13, тогашен НБА рекорд, и ја освоија титулата победувајќи ги Никси во пет натпревари во големото НБА финале.

Титулата од 1972 година беше прва титула на Лејкерси од поместувањето на фрашизата од Минеаополис во Лос Анџелес во 1960 година.

0 comments:

Post a Comment