Home » , » Брендон Џенингс сака повеќе пари и поквалитетен ростер на тимот

Брендон Џенингс сака повеќе пари и поквалитетен ростер на тимот

Written By Anonymous on 11.3.13 | 23:09


На Џенингс никогаш не му недостасувала самодоверба, а фактот што летово ќе биде ограничен слободен играч и има шанса да го смени тимот (доколку Бакси не ја изедначат понудата која ќе ја добијат за него) му дава за можност да бара повеќе пари како и поквалитетен ростер со цел да може тимот да се бори за НБА титулата. Според некои извори Џенингс минатото лето одбил 4-годишен договор вреден 40 милиони долари од Бакси.

Летово Џенинг реално може да се надева на сума малку повисоко од онаа за која се шпекулира дека му ја понудиле затоа што е реално и не е толку квалитетен. Неговите просеци од 18,4 поени по натпревар оваа година но шутира само 40,3%.
Се смета за солиден шутер за 3 поени но има проблеми со играта во изолација. Џенингс е солиден играч, но сепак неоспорно е дека е барем за неколку класи под врвните бек-шутери во лигата.

Доколку Бакси сакаат да го задржат во тимот тогаш ќе имаат тешки одлуки за донесување затоа и Монта Елис и Џ.Џ. Редик се слободни играчи летово па ќе треба да одлучат кои им се приоритетите. Желбите на Џенингс за подебел договор и поквалитетен тим и можностите и плановите на управата на Бакси можеби и да не се движат во иста насока.

0 comments:

Post a Comment