Home » , » Коби Брајант планира да се пензионира на крајот од следната сезона?

Коби Брајант планира да се пензионира на крајот од следната сезона?

Written By Anonymous on 1.4.13 | 12:03


Коби Брајант ќе влезе во сезоната 2013/14 во својата последна година од договорот со Лејкерси, во која ќе заработи 30 милиони долари.

Брајант и Лејкерси можат да се договорат за продолжување на договорот ова лето, но, пред да го сторат тоа Брајант мора да се одлучи за иднината.

Дури и по 17 години во лигата Коби е еден од најдобрите во НБА лигата. Моментално, тој сака неговата последна сезона да биде следната, 18. во неговата кариера

Еве што вели Скот Хауард - Купер од NBA.com:

“Брајант ни даде до знаење дека кога ќе се одлучи што ќе прави со својата иднина ќе ни каже. Еден фактор може да реши се. Доколку замине во пензија, ќе се ослободи место за Лејкерси за потпис со некој добар играч“
Еве што вели Брајант:

“Ќе зборуваме за тоа. Прво, треба да зборувам со моето семејство и моите пријатели и ќе видиме што ќе биде во иднина. Потешко е, моето тело многу трпи за секој следен натпревар. Тоа што го правам сега, не е лесно. Ќе ви кажам, кога ќе се одлучам“,

Дали следната сезона може да ти биде последна?

“Седејќи сега овде, ви велам со сигурност дека ќе ми биде“

Брајант многу пати велеше дека следната, сезоната 2013/14 ќе му биде последна. Ова прашање повторни излезе на површина по што Брајант го помина Вилт на вечната листа на поени на сите времиња.

Се поизвесно е дека доколку остане здрав Коби, ќе го помине Мајкл Џордан на вечната листа на поени некаде кон средината на следната сезона, и ќе му преостанат уште Карл Малоун и Карим Абдул - Џабар. Дали Брајант ќе остане во лигата подолго време за да стане можеби најдобриот стрелец на сите времиња. Се додека остане психички здрав, има шанси за тоа.

Но, и покрај тоа што е еден од најдобрите стрелци во историјата на кошарката, на Брајант не му е тоа толку важно. Тој сака нова, 6. титула. Освојувањето на 6. прстен ќе го изедначи со Мајкл Џордан по бројот на титулите, што е лична желба на Брајант.

0 comments:

Post a Comment