Играта на Л.А Лејкерс во вчерашниот меч против Голден Стејт Вориорс може да се види низ настапот на Двајт Хауард. Центарот на “Езерџиите“ даде 11 поени, а тоа што треба да ги загрижува сите навивачи на Лејкерси е тоа што Хауард упати дури 8 шута кон кошот на противникот и само 2 во второто полувреме.
Покрај тоа, Хауард кон крајот на 2/4 од натпреварот претрпе тежок удар во лицето од страна на крилниот центар на домаќините, Дејвид Ли. А работата да биде уште полоша, судиите на тој натпревар ова го карактеризираа како фаул на Двајт Хауард. Изнервиранииот Двајт Хауард имаше што да му каже на Ли, поради што е додатно “награден“ со техничка грешка.
“Ја премина границата со овој лакт. Ќе го замаптам овој потез. Едвај го чекам следниот натпревар“,
се заканува Хауард по натпреварот. Тимот на Мајк ДиАнтони е поразен со резултат од 109-103, а на моменти беше и +20 за “Воините“ од Голден Стејт. Лејкерс сега имаат само една победа пред јута, која опасно се заканува од 9. позиција на Западот, а Далас е се поблиску и поблиску.
Видео:
0 comments:
Post a Comment