Home » , , » Навивачите на Кливленд се поделени околу враќањето на ЛеБрон Џејмс во Кавалирс

Навивачите на Кливленд се поделени околу враќањето на ЛеБрон Џејмс во Кавалирс

Written By Anonymous on 22.3.13 | 23:49


ЛеБрон Џејмс член на Кливленд Кавалирс од сезоната 2014-15? Ова прашање е поставено многу пати низ сезоната, а приказната за тоа посебно се разгори по неговото последно враќање и гостување во Охајо каде одигра уште еден маестрален натпревар. Дочекот конечно беше “топол“, иако дел од навивачите сепак го исврикуваа најдобриот играч на лигата.

Очигледно е дека тензијата по заминувањето на Џејмс од Кливленд, се смири. Тоа го покажуваат и последните анкети кои работат на овој “случај“. Повеќе од 50% од гласовите на таа анкета помеѓу навивачите на Кавс одговорија на позитивно прашањето дали го сакаат назад бившиот идол.

Прашањето на една локална радио станица гласеше кратко и јасно: Дали го сакате ЛеБрон Џејмс назад во Кливленд:

а) Да - 52%
б) Не - 35%
в) Сеедно ми е - 13%

Ако во некој случај се одлучи да потпише за тимот кој го драфтува и каде ги помина првите 7 сезони од својата НБА кариера, како што стојат работите, навивачите ќе го прифатат. И покрај заминувањето и колективниот бес во Охајо, се работи за неверојатен играч кој младиот тим на Кавалирс би го променил преку ноќ.

Останува да го дознаеме мислењето на сопственикот на Кавс Дени Гилберт за сето тоа. Тој беше човек кој упати многу тешки зборови на сметка на ЛеБрон по заминувањето во познатата емисија “Одлука“. Покрај тоа, не е познат ставот на суперѕвездата на Хит кој одбива да зборува за сето тоа додека е под договорт со Мајами. Летото 2014. би можело да биде многу интересно.

0 comments:

Post a Comment