Home » , » ЛеБрон Џејмс: “Нема веќе смисла, цела сезона ме маваат, а судиите не судат фаул“

ЛеБрон Џејмс: “Нема веќе смисла, цела сезона ме маваат, а судиите не судат фаул“

Written By Anonymous on 28.3.13 | 20:49


Тимот на Чикаго Булс со победата над Мајами со резултат од 101-97 ја прекина серијата од 27 последователни победи на Мајами, кои на крајот не успеаа да го оборат рекордот стар 41 година од 33 победи во серија.

По овој меч, суперѕвездата на Мајами Хит, ЛеБрон Џејмс кој беше најефикасен на средбата со 32 постигнати поени, беше разочаран со начинот на кои судиите реагирале во поединечни ситуации. Имено, во текот на целиот меч ЛеБрон се наоѓаше во снажни дуели со Чикаго, но како што смета тој, кај судијата секогаш го излекуваше подебелиот крај.

“Не беше така само на овој натпревари, некои работи се случуваат во текот на цела година. Се обидувам цело време да останам мирен, му велам на тренерот: ’Ајде да не се грижиме околу ова’. Меѓутоа, сега опасно ме нервира. Секогаш кога ќе се обидам да се одбранам од противникот, морам да се соочам со техничка или намерна лична грешка. Не знам повеќе што да правам. Сето тоа ми паѓа тешко. Многу тешко.“ - вели ЛеБрон на кој му се заканува парична од 25.000 илјади долари. 

Исто така нагласува дека воопшто не е тажен поради што серијата од победи завршила во “Градот на Ветровите“. Се почна со жестокиот дуел помеѓу Кирк Хајрник и ЛеБрон Џејмс во првото полувреме. Она што се гледа е тоа дека ЛеБрон тргна на влез, а несреќниот Кирк Хајрник се бранеше од 120 килограми тешкиот ЛеБрон. Судиите му судеа прекршок на Хајрник, додека пак ЛеБрон смета дека, стартот бил според фудбалски жаргон за “жолт картон“.

“Знаев од почетокот дека Булси ќе бараат контакт. Секој натпревар со нив е таков. Меѓутоа, како прв и прво Кирк Хајрник во првата четвртина ме фати за раце и ме фрли на паркетот. Не може тоа така.“ - разочаран е ЛеБрон Џејмс.
 По тоа, дуел со ЛеБрон имаше и Таж Гибсон, а ЛеБрон повторно заврши на паркетот. Судиите ги прегледаа снимките, не му досудија намерна лична грешка, туку само обична.

“Ништо подобро не поминав со Таж Гибсон. Човекот ме фати за рамена и ме фрли на земја. Ова не е кошарка. Прекршокот на Кирк и Таж не е кошарка. Тоа не се фаули за овој спорт. Не сакам да испадне дека плачам и се жалам тука, но јас сум свесен дека играм на високо ниво. Секогаш сум агресивен и разбирам што прави противникот. Но, некои работи не можат да се толелираат.“ - вели Џејмс.



0 comments:

Post a Comment