Home » , » Мајк Вудсон сака токму Никс да ја прекинат победничката серија на Мајами

Мајк Вудсон сака токму Никс да ја прекинат победничката серија на Мајами

Written By Unknown on 27.3.13 | 19:58

Следниот вторник, Њу Јорк Никс ќе патуваат во Флорида за да се сретнат со Мајами Хит, натпревар кој секако ќе биде на американска национална телевизија (TNT).

Мајами моментално има 27 победи во низа. Доколку победат на следните 3 натпревари, што нема да биде лесна задача со оглед на тоа дека ќе се соочат со Спарси во недела, победничката серија пред натпреварот со Никс ќе биде на 30 натпревари, што значи дека само 3 натпревари ќе ги делат од рушење на рекордот од 33 последователни победи на 71-72' ЛА Лејкерс.

Само како увертира на таа средба, Мајк Вудсон дополнително ја разгори ситуацијата. Тренерот на Њу Јорк кажа дека сака токму неговите Никси да ја прекинат победничката серија на Мајами Хит. 

“Тие играат на толку високо ниво, што никој не е ниту блиску до победа против нив.“ - изјави Вудсон. “Ќе биде убаво доколку ги победиме. Ќе ја прекинеме нивната серија. Тие играат против два добри тима пред нас, но доколку останат непоразени до натпреварот против нас, се надевам дека ќе ги победиме и ќе ја прекинеме победничката низа.“

Никси, самите за себе имаат победи во низа и во тој периорд од пет натпревари го имаат најдобриот напад во лигата, кој постигнува околу 115 поени по натпревар. Одбраната повторно се враќа на таа од Декември, дури и без Тајсон Чендлер во редовите. 

Но Вудсон има и други проблеми на кои треба да мисли. Прво треба да го врати неговиот главен дефанзивен играч Тајсон Чендлер во стартната петорка, а потоа треба и да ја подреди минутажата на неговиот стар тим, ако мисли да го однесе Њу Јорк подлабоко во пост-сезоната. 

0 comments:

Post a Comment