Home » , » Тони Паркер се враќа на терените

Тони Паркер се враќа на терените

Written By Anonymous on 22.3.13 | 23:56


Стартниот плејмејкер на Сан Антонио Спарс, Тони Паркер (29) се опорави од повредата на глуждот и е спремен да заигра вечерва во натпреварот на кои “Мамузите“ играат против Јута Џез.

Ол Стар плејмејкерот на Спарси до сега пропушти 8 врзани натпревари поради повредата која ја заработи на 1. март на натпреварот со Кингси. Сепак, иако беше прогнозирано дека ќе паузира уште недела дена, Французот успеа порано да се опорави од повредата.

Тони Паркер оваа сезона е најдобар стрелец на Спарси, просечно постигнува 21.0 поени и бележи 7.6 асистенции по натпревар. Како што стојат работите, избраниците на Грег Поповиќ ќе бидат комплетни за дербито на НБА лигата на 31. март против Мајами.

0 comments:

Post a Comment