Home » , » Повредите завладеаа со НБА лигата, сезоната завршена и за Кајри Ирвинг?

Повредите завладеаа со НБА лигата, сезоната завршена и за Кајри Ирвинг?

Written By Anonymous on 11.3.13 | 23:21


Тимот на Кливленд вчера беше поразен во Ер Канада Центарот од Торонто, но она од што повеќе стравува Бајрон Скот е повредата на стартниот плејмејкер Кајри Ирвинг.

Вестите кои стигнувааат од Кливленд, не се баш ветувачки и за поранешниот најдобар руки играч, а и за тимот. Имено, по деталната анализа на лекарите, утврдено е дека Ол Стар плејмејкерот Кајри Ирвинг мора да пропушти барем месец дена од НБА акцијата.

И тоа не е се. Тоа е минимален временски период за кој Кајри Ирвинг ќе треба да се опорави, по што при еден дуел со центарот на Торонто Џонас Валанчијунас во третата четвртина, падна и го повреди левото рамо. Како што стојат работите, многу веројатно е дека Кајри Ирвинг нема да се враќа на паркетот оваа сезона, затоа што Кливленд Кавалирси нема да влезат во плејофот.

Тимот од Охајо моментално има скор од 21-42, и до крајот им останаа уште 19 натпревари и сигурно изостанокот на Кајри Ирвинг ќе биде голем удар за овој млад тим. Плејот на Кавси оваа сезона просечно дава по 23.2 поени и 5.7 асистенции, и е прв стрелец на својот тим.

Повредата на Ирвинг:

0 comments:

Post a Comment