Home » , » Џејсон Колинс: “Имам 34 години, црнец сум, играм во НБА лигата и сум хомосексуалец“

Џејсон Колинс: “Имам 34 години, црнец сум, играм во НБА лигата и сум хомосексуалец“

Written By Anonymous on 29.4.13 | 20:38


Центарот на Вашингтон Визардс, Џејсон Колинс (34) оваа сезона не беше во центарот на вниманието на јавноста поради своите лоши игри за тимовите во кои играше. Одигра дури 32 натпревари, бележеше во просек по 1.2 поени со 1.6 скока по меч, но потоа реши да ја потресе кошаркарската јавност со оваа изјава:

“Имам 34 години, црнец сум, играм како центар во НБА лигата и сум хомосексуалец“ - вели Колинс за Спортс Илустрејдет.

А, потоа и додава:

“Никогаш не се надевав дека ќе бидам првиот американски професионален спортист кој јавно ќе признае дека е геј. Би сакал да не пораснев во такво друштво кое од школските кллупи ме научи дека сум поинаков. Да беше по мое, некој друг наместо мене овде би зборувал. Меѓутоа, не. Токму поради тоа одлучив да се изјаснам“ - вели Колинс кој веројатно ќе крене прашина во јавноста со овие изјави.

Тој потоа за крај додава:

“Мојот пат кон самодовербата почона во мојот град Лос Анџелес. Потоа, патот ме одведе до НЦАА титулата, до “Елит Ејт“ и 12 пати играв во плејофот“ - вели Колинс.

Колинс сезоната ја започна како играч во Бостон, а потоа е трејдуван во Визардс во трејдот на Џордан Крофорд. Во текот на кариерата одигра 713 натпревари во кои бележеше 3.6 поени и 3.8 скока. Релативно скромен допринос, за сигурно крупно признание...

0 comments:

Post a Comment