Home » , » Меџик Џонсон до Двајт Хауард: “Ги разочара навивачите“

Меџик Џонсон до Двајт Хауард: “Ги разочара навивачите“

Written By Anonymous on 29.4.13 | 20:59

Еден од најдобрите плејмејкери на сите времиња и некогашниот играч на Л.А Лејкерс, Ирвин “Меџик“ Џонсон е огорчен од тоа што го видел од Двајт Хауард во текот на оваа сезона и во плејоф серијата против Спарси. Меџик Џонсон оцени дека “Д12“ во потполност не го разочарал само него, туку и сите фанови на Лејкерси.

Центарот на славниот клуб во метлата од Спарси вчера не успеа да го одигра целиот натпревар, затоа што поради две технички грешки беше приморан да оди под туш многу порано од очекуваното. Таквото однесување на Двајт ни малку не се му се допадна на Меџик кој “фрлаше“ дрва и камења на сметка на овој човек.

“Двајт Хауард, па тоа е едно големо НЕ. Исфрлен си од игра, а навивачите и соиграчите сметаа на тебе“ - вели Меџик.

И продолжи со ист тон:

“Добро, го разбирам ’чистењето’, и јас го доживеав тоа. Но, никогаш не го оставив мојот тим на цедило поради такво однесување за судиите да ме исфрлат од игра“ - заврши Меџик.

0 comments:

Post a Comment