Home » , » Ал Џеферсон и Џ.Р. Смит се играчи на неделата

Ал Џеферсон и Џ.Р. Смит се играчи на неделата

Written By Unknown on 1.4.13 | 22:18

Џ.Р. Смит и Ал Џеферсон беа именувани за играчи на неделата во источната, односно западната конференција, за натпреварите одиграни 25ти до 31ви Март.

Смит беше најдобриот поединец во серијата на Никс од 4-0 минатата недела, која вклучуваше две победи над Селтикс и една над Гризлис. Смит постигнуваше по 29.8 поени, 7.0 скока и 1.5 украдена топка по натпревар во текот на изминатата седмица. Нанижа 3 последователни натпревари со по 30+ поени, вклучувајќи ги и најмногу во сезоната 37-те поени над Шарлот Бобкетс.

Џеферсон исто така играше недела без пораз со Јута Џез, 4 победи и нула порази, додека "џезерите" се вратија на осмата плејоф позиција спуштајќи ги ЛА Лејкерс. Големиот Ал бележе по 19.8 поени, 8.3 скока, 2.2 украдени топки и 1.5 блока по натпревар. Најдобра партија Џеферсон приреди во победата против Бруклин Нетс, каде што постигна 20 поени, 7 скока, 3 украдени топки, 2 асистенции и 2 блока во победата од 116-107 на 30ти Март.

Други номинации за овие награди беa: Џеф Грин, Дирк Новицки, Рој Хиберт, Мајк Конли, Кевин Дурент, Расел Вестбрук, Тобајас Херис, Тим Данкан и ДеМаркус Казнс. 

0 comments:

Post a Comment