Home » , » Тај Лосон: “Ќе ги победиме Мајами во финалето“

Тај Лосон: “Ќе ги победиме Мајами во финалето“

Written By Anonymous on 2.4.13 | 00:11


Плејмејкерот на Денвер Нагетс, Тај Лосон смета дека неговиот тим, кој неодамна врза 15 победи по ред, има доволно квалитет да го победи Мајами Хит во финалето од НБА лигата.

За организаторот на играта на Денвер самодовербата не е проблем. Што повеќе, тој е уверен дека тимот на Нагетс, ќе стигне до финалето. Според неговите зборови, во јуни таму ќе ги чека Мајами Хит, а Лоусон веќе верува дека Денвер има повеќе квалитет од ЛеБрон Џејмс и дружината.

“Мислам дека ќе стигнеме во финалето и ќе играме со Мајами. И не само тоа, овој тим има доволно сила и знаење да го победи Мајами. Вистина е дека оваа сезона два пати губевме од нив, но тогаш не бевме вуиграни и не бевме во форма. Сеуште не сме оние вистинските и натаму се обидуваме да се пронајдеме во некои работи во играта. Но, добри сме. Затоа мислам дека сега за сега би можеле да играме со нив“,

смета Лоусон. Тимот на Нагетс моментално е на скор од 50-24 и се наоѓа на втората позиција од Северозападната дивизија на Западот. Иако, Нагетси се поразени во гости кај Мајами со 119-116, а потоа и дома со 98-93, Лоусон верува дека има рецепт за да игра против тимот од Саут Бич.

“Мислам дека играмо тимски затоа што имаме многу добри играчи во ротацијата. Затоа на ЛеБрон и Вејд би им било тешко затоа што нема да ги чува еден ист итгач. Многу би можеле да ротираме. Тие играчи можат да ги чуваат Данило Галинари, Андре Игуадала и Вилсон Чендлер, но и Кори Бруер. Тие се добри, но никој не може да помине ако ве чуваат 4 различни играчи. Денвер е тим кој има многу напаѓачки арсенал. Ги победуваме во финалето“,

заклучи Лоусон.

0 comments:

Post a Comment