Тимот на Лејкерси вчера го победи Далас со резултат од 101-81, а на полувремето од натпреварот беше повлечен дресот со број 34 кој на својот грб го носеше Шекил О’Нил.
Иако заедно освоија три титули во низа во НБА лигата, Коби и Шек за време на играчките денови не беа во најдобри односи. Брајант му замеруваше на Шек затоа што тој беше прва напаѓачка опција верувајќи дека би постигнал повеќе поени да играл без најдоминантниот центар во последните 20 години.
Впрочем, ниту двајцата не криеа дека се во лоши односи. Сепак, по разделувањето на овој убиствен тандем овие двајца идни Хал оф Фејмери решија да ги закопаат воените секири.
Вчера дресот на “Езерџиите“ со бројот 34 засекогаш е повлечен од употреба. Шекил стана “бесмртен“, но на оваа церемонија немаше можност да учествува Коби Брајант затоа што беше советуван во соблекувалната од Мајк ДиАнтони заедно со останатите играчи од тимот.
Советувањето беше успешно, по што Коби Брајант на крајот од натпреварот се закити со трипл-дабл учинок, но сепак преку видео-бимот успеа да му прати честитка на Шек која гласи вака:
“Неверојатно е тоа како лета времето...Морам да ти честитам. Ти си најголемиот и најјакиот спортсит кој сум го видел да игра кошарка... Природен талетн... Она што го направи за овој грат, за ЛА, има историска вредност. Уживав играјќи со тебе. Знам дека играше и за други тимови, но секогаш ќе останеш запаметен како дел од еден - како дел од Лејкерси“ - порача Брајант.
По мечот бекот на Лејкерси објасни дека сепак се видел лично со некогашниот соиграч.
“Кога излегувавме од соблекувалната се видов на кратко со него во тунелот. Позборувавме неколку минути. Драго ми е поради него, го заслужи ова“ - истакна Брајант.
0 comments:
Post a Comment