Home » , » Мајк Вудсон: “Кармело Ентони е ѕвер од играч“

Мајк Вудсон: “Кармело Ентони е ѕвер од играч“

Written By Anonymous on 3.4.13 | 19:47


Тимот на Никси вчера славеше победа над актуелните шампиони, Мајами, и тоа на гостувањето во Американ Еарлајнс Центарот. Тимот од Медисон го однесе триумфот од Саут Бич со резултат од 102-90.

Централна фигура во тој натпревар беше Кармело Ентони. Неверојатниот кошаркар го изедначи личниот рекорд од кариерата постигнувајќи 50 поени. Веќе по првите 7 шута беше јасно дека ова ќе биде спектакуларна ноќ за него. На крајот од првата четвртина имаше дури 17 поени.

Во ист ритам продолжи до полувремето. Оваа сезона Мело просечно постигнува по 27.5 поени по натпревар, а по првите 24 минути имаше 27 поени, а од игра беше феноменален - погоди 9 од 12 во тој момент.

“Кармело беше неверојатен, тој е ѕвер од играч. Не сакаше да го прифати поразот, ги заземаше клучните напади и шутеви. Тој не форсираше ништо, тоа дојде само по себе. Една работа е многу јасна: некои работи делуваат премногу лесни ако тие работи ги извршуваат големи играчи. Вчера тој правеше се што треба за да победиме“ - вели Мајк Вудсон.

До крајот на мечот Ентони успеа да погоди 7 од 10 обиди. Потврдата дека е во апсолутна форма за постигнување поени покажува и податокот дека по 37 поени во другите статистички категории имаше само нули - не фати скок, не заебележа асистенција, не блокира шут или украде топка.

“Мојата игра се базира на тоа да бидам агресивен и да шутирам. Кога шутирате квалитетно тоа вашата игра ја олеснува“ - објаснува Мело.

Ѕвездата на Никс на крај заврши со одличен процент на шут по што погоди 18 од 26 шутеви. Одличниот играч на Никс, практично сам, му го нанесе вториот пораз на Мајами во последните 31 натпревари.

“Ова беше еден од оние натпревари кога уште на почетокот се чувствувате пријатно на теренот. Понекогаш после добриот старт следи оладување и тогаш сте бескорисни. Меѓутоа, денес не беше така“ - вели Мело за крај.

Кармело Ентони по трет пат во својата кариера успева да забележи 50 поени.

0 comments:

Post a Comment