Home » , » НБА лигата препорачува Кингс да останат во Сакраменто

НБА лигата препорачува Кингс да останат во Сакраменто

Written By Unknown on 30.4.13 | 22:40

По се, најверојатно Кингси ќе си останат во Сакраменто, а Сиетл ќе си остане без НБА тим.

Група на сопственици на НБА тимови анонимно гласале пред челните лица на НБА асоцијацијата и според гласовите, таборот на НБА препорачува Кингс да останат во Сакраменто, што најверојатно ги убива надежите дека Кингси ќе бидат прекупени и преселени во Сиетл.

Иако сите сопственици на НБА тимовите ќе гласаат официјално наредната недела, тие најверојатно ќе ја гласаат препораката што се изгласа деновиве, Сакраменто да остане градот кој што ќе биде претставен од страна на Кингс во НБА лигата. Ова е веќе готов договор, што само теорија може да го смени.

0 comments:

Post a Comment