Бекот на Л.А Лејкерс Коби Брајант освои две титули без Шекил О’Нил кој ги напушти Лејкерси и потоа освои уште еден трофеј со Мајами. Како што вели самиот играч на “Езерџиите“: никогаш не пропушта шанса овој податок да му “замине“, кога и да му се пружи шанса.
Популарната “Црна Мамба“ во своите ветрини чува 5 шампионски прстени. Сите пет ги освои со Лејкерси, а првите три, од 2000. до 2002. година ги освои со помош на Шек. По тоа, Лејкерси се одрекоја од одличниот центар, но Брајант сепак успеа да најде сили за освојување на нови трофеи.
“Кога и да го видам Шек, секогаш се потсетувам дека успеав да освојам две титули без него. Го видов после Ол Стар натпреварот и му реков: Што правиш, колку титули имаше, четири ли? Морам малку да го зафркавам, нашиот однос е навистина, многу, многу добар. Имаме огромна почит.“ - вели Брајант
Овој кошаркар е уверен дека раздвојувањето на тандемот Коби-Шек било неизбежно. До тоа дојде во сезоната 2003/04 кога Шек е трејдуван во Мајами Хит. Коби не крие дека по заминувањето на Шек станал опседнат за да освои титула без најдоминантниот центар во последните 20 години.
Кога Коби е прашан што би се случило во таа 2003. година наместо Шек тој да замине од Лејкерси, одличниот бек даде брз одговор:
“Би заминал во некој друг тим и би освоил уште титули. Толку бев гладен и жеден за успех. Не би пронашол мир се до моментот додека не освојам повеќе титули од Шек без негова помош. Целата моја кариера одеше во тој правец. Мислам од тоа што бев опседнат со тоа, дека ништо не можеше да ме тргне од тој колосек“ - уверен е Брајант.
0 comments:
Post a Comment