Плејмејкерот на Вашингтон Визардс, Џон Вол, кој добар дел од оваа сезона пропушти поради повреда, смета дека бившиот МВП на лигата и играч на Чикаго Булс, Дерик Роуз не би требало да се враќа на паркетот оваа сезона.
Имено, организаторот на играта на Визардс е уверен дека, по тоа што Ди Роуз не заигра оваа сезона, тогаш апсолутно е бесмислено сега да се враќа на паркетот. Тој смета дека најдобро за Чикаго е да одмори до почетокот на следната сезона во која ќе може да влезе комплетно опоравен од повредата.
“Мислам дека Чикаго и соиграчите на Роуз разбираат во каква состојба се наоѓа тој и она што до сега тој успеа да го направи за својот тим и градот. Сите се свесни колку напорно работеше и колку сака да се врати во игра за тимот од градот во кој е роден. Покрај тоа, сите ќе разберат доколку не се врати оваа година. Не е реално сега да излезе на ризик, а сигурно е скрос надвор од ритамот“ - смета Вол.
Ди Роуз се повреди на 12 мај минатата година во натпреварот со Филаделфија во првото коло од плејофот.
“Чикаго и на овој и на оној начин ќе влезе во плејофот, а Роуз нема да игра сигурно над 20 минути. Тие и сега, без него се добар тим, играат одлично во дефанзивата. Верувам дека Роуз би им донел добро расположение, но не и 20 минути на теренот. Потребно му е повеќе време.“ - порача Џон Вол.
Тој додава:
“Јас на почетокот од март се опоравив комплетно. Дури сега сум во добар ритам. Толку ми беше потебно за опоравување. Првите месец и пол дена играв по 20 минути. Кога играш по 5 минути во секоја четвртина не можеш да ја пронајдеш својата игра. Тоа е многу тешко. Но, кога ќе почнеш да играш во првата петтока и кога ќе добиваш повеќе минути, тогаш се е полесно“ - појасни Џон Вол.
0 comments:
Post a Comment