Home » , » Кевин Дурент: "Мело може да биде најдобар стрелец"

Кевин Дурент: "Мело може да биде најдобар стрелец"

Written By Unknown on 5.4.13 | 17:06

Со само две недели преостанати од регуларната сезона, Кевин Дурент е на прагот од освојувањето на неговата четврта последователна титула за најдобар стрелец. До сега, КД бележи 28.3 поени по натпревар. 

Но, со 90 поени во неговите последни 2 натпревари, Кармело Ентони значително се доближи до Дурент со просекот од 28.1 поен по натпревар. 

“Ништо чудно доколку Мело ја освои титулата за најдобар стрелец. Се она што го прави моментално е неверојатно. Секој пат кога ќе ја допре топката мислите дека веќе влегла низ обрачот. Момнетално тој игра на високо ниво и неговата самодоверба е исто така многу висока. Мислам дека тој ќе ме премина во просекот. Но и ако се случи тоа, 'cool'.“ - изјави Кевин Дурент.
Доколку Дурент и оваа година биде најдобар стрелец, тој ќе им се придружи на Мајкл Џордан и Вилт Чемберлејн, како единствени играчи кои круната ја освоиле повеќе од 3 пати во низа. Не дека Дурентула ќе префорсира за да заврши како најдобар стрелец, но секако дека не би му пречело ако тоа се случи.

Ентони, кој има полно досие со индивидуални достизи, исто така е сконцентриран на плејофот. Доколку ги одведе своите Никси длабоко во плејофот, тоа ќе биде тоа што ќе му донесе повеќе репутација како лидер, а не само како природен стрелец.

0 comments:

Post a Comment