Повредата на Данило Галинари против Далас Маверикс синоќа е всушност искинат лигамент на неговото лево колено, што значи дека Гало ќе го пропушти остатокот на оваа, а сигурно и стартот на наредната сезона.
“Докторите велат дека лигаментот на коленото е искинат.“ - велат извори од „Yahoo!Sports“.
Откако помина покрај Дирк Новицки, Галинари влезе во рекетот на Далас и ненадајно ја свитка десната нога и веднаш се најде себеси на паркетот. Тој неможеше да оди и веднаш беше изнесен во соблекувалната, каде што била лоцирана повредата.
Вториот најдобар стрелец за Нагетс оваа сезона, кој постигнуваше по 16.2 поени по натпревар е голем дел од офанзивната игра на Џорџ Карл. Тој игра на четвротката и често знае да ги навлече високите играчи до линијата за тројка, каде што е пребрз за нив.
Сега, поголемиот дел од задачата на Галинари ќе треба да ја извршуваат Вилсон Чендлер и Кори Бруер, кои можат, но сепак не толку редовно. Ова исто така може да ја отвори и минутажата на рукито Еван Форние, кој игра добро во последно време.
0 comments:
Post a Comment