ЛеБрон Џејмс, Двејн Вејд и Марио Чалмерс ќе го пропуштат вториот последователен натпревар, откако медицинските состави на Мајами не му дозволувија на Ерик Спослтра да ги вметне во ротацијата овие три играчи во дербито против Њу Јорк Никс вечерва.
Но, сепак Мајами нема да биде казнет како и Сан Антонио порано во сезоната поради одмарање на своите играчи. Спарси без никакво предупредување кажаа дека ќе ги одмараат своите ѕвезди на натпревар кој што беше пренесуван на национална телевизија во САД и Дејвид Стерн ги казни со 250.000 долари. И овој натпревар против Никс ќе биде пренесуван на национална телевизија, но Мајами порано најави дека ѕвездите нема да играат поради повреди.
Овој натпревар пак, е од преголемо значење за Њу Јорк Никс, кои што ќе имаат голема предност поради отсуството на Џејмс и Вејд. Никси моментално имаат 8 победи во низа и се борат за да го задржат второто место во источната конференција.
0 comments:
Post a Comment