Home » , » Клиперс го отпуштаат Вини Дел Негро

Клиперс го отпуштаат Вини Дел Негро

Written By Unknown on 21.5.13 | 22:15

Лос Анџелес Клиперс вечерва го отпуштија нивниот тренер Вини Дел Негро, пред неговиот договор да истече ова лето. Ова беше потвредено од „Yahoo Sports!“.

Како и очекувано, според Војнаровски од „Yahoo Sports“, мислењето на слободниот играч Крис Пол играло голема улога во оваа одлука. 

Иако Дел Негро постигна солиден успех со Клиперс изминативе две сезони, поточно во ерата на Крис Пол, челните лица во Ел-Еј неможеа да го поднесат поразот и елеминацијата од Мемфис во првата рунда во овогодинешниот плејоф. Исто така, еден од неформалните услови за останување на Крис Пол беше и замена на тренерот, откако суперѕвездата на Клиперс посака подруг вид на тренер. 

Клиперс сега треба да направат се што можат за да го задржат Крис Пол. Тренерите лесно може да бидат сменети, додека елитен талент е потешко да се најде. 

Ова ја отвара можеби најактрактивната тренерска позиција моментално во лигата. Тренерот кој што ќе пристигне ќе го превземе тимот во полна форма, на ивица од натпреварување за титулата. Тим со Крис Пол, Блејк Грифин и талентирани играчи во Џамал Крофорд, Мет Барнс, Ерик Бледсоу итн, е сонот на секој тренер. 

И додека Стен Ван Ганди рече дека не мисли да се врати на тренерската позиција барем уште една сезона, оваа работа може да му ги промени мислите. Но, одлуката ќе биде малку посложена бидејќи знаете дека Крис Пол мора да каже збор-два околу ангажирањето на нов тренер. .

0 comments:

Post a Comment