Home » , » Двајт Хауард пристигнува во Хјустон?

Двајт Хауард пристигнува во Хјустон?

Written By Anonymous on 20.5.13 | 16:14

Според пишувањата на разно-разни портали, приказната за заминувањето на Двајт Хауард од Л.А Лејкерс доби ново поглавје. Имено, ГМ на Хјустон Дерил Мори прави се што може за да го доведе снажниот центар во Тексас. Како што стојат работите, тој план би можел лесно да биде реализиран.

Уште во текот на сезоната Хауард нагласи дека најзаинтересиран е за Хјустон. Според дознавањата на репортер од ЦБС ТВ, центарот на Лејкерси шансите за продолжување на договорот со тимот се сведени на минимум.

Имено, Хауард кој на 1. јли станува слободен агент, спремен е да ги ислуша сите понуди, а спортскиот директор на Рокетси Дерил Мори е спремен да му понди максимален договор на Двајт, но повеќе од парите, ќе му биде играњето со Ол Стар бекот Џејмс Харден.

Имено, не само што Харден, поранешниот најдобар 6. играч на Оклахома, се докажа како лидер на Хјустон постигнувајќи 25.9 поени во сезона рангиран како 5. најдобар стрелец на НБА лигата, туку и дека “Брадоњата“ е несебичен и е играч кој сака да ги разигрува своите соиграчи.

“Откако Дерил Мори стигна во тимот пред 6 години, Хјустон игра се подобро. Оваа сезона го извлече максимумот, влезе во плејофот каде добро се носеше со Оклахома. Точно е дека Рокетси агресивно ќе тргнат кон Хауард. Го сакаат во тимот ова лето. Го сакаа и минатото лето, снажно тргнаа кон него, но наместо него потпишаа со Харден, Ашик и Лин. Меѓутоа, не се откажаа од Двајт и ќе се обидат повторно да го донесат“ - вели извор близок на ГМ на Хјустон.

Овој извор наведува дека проблемот со “салари кепот“ за Рокетси не би бил голем проблем. Најголемото прашање, според зборовите на изворот, е тоа дали Двајт сака да игра во Хјустон, а одговорот, како што вели е: “Многу веројатно.“

Мори верува дека најголемата слабост на Хјустон се поените во рекетот. А токму тој проблем може да го реши Двајт Хауард. Заедно со Чендлер Персонс кој се стабилизира како добар шутер и солиден играч на влез, со одличниот Џејмс Харден и Џереми Лин и потенцијалниот ангажман на Хауард управата на Хјустон верува дека би добила ростер кадар за плејофот, и повисока позиција од 8. место на Западот.

Дали дефанзивно ориентираниот тренер Кевин МекХејл, кој форсира шутеви во раната фаза од нападот, ќе добие нова пик&рол опција и дабл-дабл машина во текот на наредното лето, ќе покаже само времето. Времето брзо поминува, 1. јули се повеќе се ближи...

1 comments:

  1. kje ve molam ne sereite na site i e jasno deka ke ostane u lakers

    ReplyDelete