Home » , » Хауард исфрустриран од Мајк Д'Антони?

Хауард исфрустриран од Мајк Д'Антони?

Written By Unknown on 22.5.13 | 17:12

Она што се случи во организацијата на Клиперс, им се надзира и на нивните соседи од ЛА Лејкерс. Влијанието на слободниот играч Крис Пол (човекот од кој зависи иднината на Клиперс) беше преголемо врз одлуката да се отпушти Дел Негро. Сега, во Лејкерс, договорот на Мајк Д'Антони истекува ова лето, а исто така истекува и договорот на Двајт Хауард, со што тој станува незаштитен слободен играч.

Во текот на интервјуата по елеминацијата на Лејкерс од плејофот, сите играчи имаа шанса да го кажат своето мислење за сезоната која завршила, за иднината и некои совети за подобрување. Исто така, играчите имале шанси и да зборуваат со ГМ Мич Купчак, без присуство на Д'Антони во тој разговор. 

Хауард во потполност ја искористил таа ситуација. Имено, дел од разговорот на центарот на Лејкерс бил за фрустрацијата со тренерот Д'Антони и тоа како тој го изоставувал кога требал да се чуе лидерскиот глас во тимот, ставајќи ги Коби и Неш во предност. 

Уште полошо за Двајт, Д'Антони се одлучи да не продолжи да соработува со неговиот асистент Чак Персон, кој беше многу близок со Хауард. Исто така, другиот асистент на Д'Антони Стив Клифорд, кој со Хауард се дружеше 5 години во Орландо пред двајцата да пристигнат во Ел-Еј, добива тренерски понуди од Милвоки и Шарлот. 

Судејќи според ситуацијата ланската година во Орландо (и уште многу други ситуации со ЛеБрон, Крис Пол итн..), Лејкерс ќе имаат тешка задача за да го натераат Хауард да остане во нивниот тим. Познавајќи го Двајт Хауард, неговата несигурност во одлуките, дволичноста и уште ред други негативни особини, гласовите на Коби, Неш и Пау би требало да одиграат големи улоги во донесувањето на одлуката на Хауард. Но, исто така не треба да ја заборавиме моменталната ситуација со тренерот Д'Антони и примерот во нивните соседи од Клиперс. Како што рековме, тренерите се менуваат лесно, додека елитниот талент се наоѓа малку потешко.

0 comments:

Post a Comment