Home » , , » ЛеБрон Џејмс и Кевин Дурент предводници на најдобрата петорка на сезоната

ЛеБрон Џејмс и Кевин Дурент предводници на најдобрата петорка на сезоната

Written By Unknown on 23.5.13 | 20:34

MVP изборот на оваа сезона и најдобриот играч на Мајами Хит, ЛеБрон Џејмс го предводи најдобриот тим за изминатава регуларна сезона, освојувајќи ги 119-те можни поени за првиот тим.

Заедно со Џејмс во најдобрата петорка се и: Кевин Дурент, Тим Данкан, Крис Пол и  Коби Брајант. Со неговата 11та селекција во првиот НБА тим за сезоната, Коби Брајант го изедначува Карл Мелоун како играчи со најмногу номинации за најдобрата петорка за една НБА регуларна сезона. 

ЛеБрон Џејмс до својата седма номинација во првиот тим стигна освојувајќи можни 119 гласа, т.е. 595 поени за првиот тим. Во сезоната во која беше именуван и за МVP, како и за член на првиот тим со најдобри дефанзивци, "кралот" Џејмс постигнуваше по 26.8 поени, 8.0 скокови и 7.3 асистенции по натпревар, додека реализираше 56% од поле и 40% од линијата за три поени. Исто така, стана и најмладиот играч кој постигнал барем 2.000 поени во секоја сезона од својата НБА кариера и најмладиот играч кој стигнал до бројката од 20.000 поени во својата кариера. 

Коби Брајант, бележејќи ја својата 11. вкупно и 8ма последователна номинација во првиот НБА тим за една сезона, ги предводеше своите Лејкерс со 27.3 поени по натпревар во текот на регуларната сезона. Го помина Вилт Чемлберлејн за четвртото место на листата на најдобри стрелци, а за осми пат во својата 17-годишна НБА кариера ја достигна бројката од 2.000 поени во една сезона. 

Тим Данкан ја заработи својата 10. номинација во првата најдобра петорка и прва дури од сезоната 2006/07. Во неговата 16. НБА сезона, Тими Ди беше супериорен со 17.8 поени, 9.9 скока и 2.6 блока по натпревар. Реализираше 50% од поле и најдобри во кариерата 81% од линијата за слободни фрлања.

Додека ја освои четвртата селекција за првиот НБА тим, Дурент постигнуваше по 28.1 поени по натпревар, комбинирајќи со 51% реализација од поле, 41% реализација од линијата за три поени и 90% реализација од линијата за слободни фрлања. Со тоа, Дурент стана вториот играч во историјата на НБА лигата по Лери Брд, кој постигнувал барем 28 поени по натпревар и реализирал 50/40/90 проценти во категориите за шут. 

Крис Пол, кој се најде во најдобриот тим на НБА лигата за трет пат во неговата кариера, одигра спектакуларна сезона предводејќи ги своите ЛА Клиперс до рекорд од 56-26 и титула во Пацифик дивизијата. Во текот на сезоната имаше просеци од 16.9 поени, 9.7 асистенции и најдобри во лигата 2.4 украдени топки по натпревар. 

Втората најдобра петорка за изминатава сезона ја сочинуваат: Тони Паркер, Расел Вестбрук, Кармело Ентони, Блејк Грифин и Марк Гасол.

И последно, третиот најдобар тим се состои од: Двејн Вејд, Џејмс Харден, Пол Џорџ, Дејвид Ли и центарот на ЛА Лејкерс, Двајт Хауард.

Position
All-NBA Team
Points
2012-13 ALL NBA FIRST TEAM
ForwardLeBron James, Miami (119)595
ForwardKevin Durant, Oklahoma City (102)555
CenterTim Duncan, San Antonio (45)392
GuardKobe Bryant, L.A. Lakers (91)521
GuardChris Paul, L.A. Clippers (97)537

2012-13 ALL-NBA SECOND TEAM

ForwardCarmelo Anthony, New York (24)397
ForwardBlake Griffin, L.A. Clippers132
CenterMarc Gasol, Memphis (38)295
GuardTony Parker, San Antonio (16)273
GuardRussell Westbrook, Oklahoma City (20)306

2012-13 ALL-NBA THIRD TEAM
ForwardDavid Lee, Golden State79
ForwardPaul George, Indiana73
CenterDwight Howard, L.A. Lakers (17)203
GuardDwyane Wade, Miami (3)145
GuardJames Harden, Houston (5)253

0 comments:

Post a Comment