Home » , » ЛеБрон Џејмс: “Пол Џорџ е одличен играч, ќе стане еден од најдобрите на сите времиња“

ЛеБрон Џејмс: “Пол Џорџ е одличен играч, ќе стане еден од најдобрите на сите времиња“

Written By Anonymous on 26.5.13 | 15:28

Поранешниот кошаркар на универзитетот Фресно Стејт, а сегашниот Ол Стар кошаркар на Индијана Пејсерс одигра одличен натпревар против Мајами во вториот натпревар од плејоф серијата. Не само што постигна 22 поени и што снажно закуца преку “Брдмен“, туку додаде и 6 асистенции на својата статистика.

Во првиот натпревар победи Мајами така што ЛеБрон Џејмс на 2.2 секунди до крајот го претрча Џорч и потоа погоди со звукот на сирената за победа. На натпреварот 2, Пол Џорџ ја имаше својата слатка одмазда.

Поранешниот 10. пик од драфтот цело време играше фантастична одбрана над Џејмс, а тие двајца воспоставија одличен одност со ракувањето по чудесната тројка на Џејмс со која се заврши 3/4 од натпреварот. Поради сето тоа, ЛеБрон има позитивно мислење за Џорџ:

“Ние двајца сме двајца играчи кој се трудат на секој начин да му помогнат на својот тим. Џорџ е одличен, навистина. Но, тоа не е се: ќе стане еден од најголемите во историјата.“ - смета Џејмс.

0 comments:

Post a Comment