Home » , » Џеф Хорначек е нов тренер на Феникс Санс

Џеф Хорначек е нов тренер на Феникс Санс

Written By Unknown on 28.5.13 | 21:28

Феникс Санс се одлучуваат за нов тренер да го именуваат нивниот поранешен играч Џеф Хорначек, давајќи му шанса по една од најлошите сезони во историјата на франшизата.

Хорначек помина 6 од неговите 14 сезони како играч на Феникс Санс. Повеќе извори уште во текот на изминатиот викенд тврдеа дека Хорначек ја имал оваа работа, но тоа се официјализира дури денеска.

Педесет-годишниот Хорначек беше асистент во таборот на Јута Џез уште од 2011 година, а ова ќе му биде негово прво искуство како главен тренер на еден НБА тим. Ќе го превземе тимот на Санс кој во изминатава сезона оствари рекорд од 27-55, најнизок рекорд во Западната конференција и втор најнизок рекорд во историјата на овој тим. 

Хорначек ја превзема улогата од Линдси Хантер, кој пак беше асистент за половина сезона, после отказот кој го доби Алвин Џентри. Тој доби интервју за работа и од страна на Шарлот Бобкетс, но блискоста со оваа организација и даде предност на тимот на Санс.

0 comments:

Post a Comment