Home » , » Сан Антонио Спарс - патот до совршеност

Сан Антонио Спарс - патот до совршеност

Written By Unknown on 29.5.13 | 18:10

Тимот на Сан Антонио повторно се пласира во големото НБА Финале, по неколку неуспешни обиди во последните неколку години. Но, НБА финалињата се всушност местото каде што тие припаѓаат. Нивниот успех се базира на победување, а тоа го прават во полн ефект моментално.

Сан Антонио направи баш се. На 6. Јуни, Спарси ќе заиграат во петтото финале во нивната франшиза, сите во последните 15 години, период во кој тимот оствари вкупен рекорд од 832-350. Тоа е 71 победа повеќе од следниот тим под нив, Лос Анџелес Лејкерс. Но секако, Лејкерс имаат 5 титули во тој период, додека Сан Антонио таа бројка на титули ќе ја бара следниот месец.

Оваа победничка ера започна со драфтувањето на Тим Данкан, како прв пик на драфтот во 1997 година. Сан Антонио беше тим кој доминираше и во 1990тите, но повредата на Дејвид Робисон го остави тимот на Спарс со трет најлош рекорд во лигата влегувајќи во летото во кое беше драфтуван Тим Данкан.

Тука секако е и среќата која се појави на патот на Спарси. Тие имаа само 2 губитнички сезони во последните 25. Зависеа од Дејвид Робисон и (зависат од) Тим Данкан. Овие двајца легенди беа здрави во поголемиот дел од нивната ера и со тоа овозможија нивниот тим да остане во натпреварувачка форма.

Да се вратиме во сегашноста и ерата на Тим Данкан и погледнете ги играчите околу него. Сите знаеме дека многу тешко, практично и невозможно е да се освои титула со една ѕвезда во тимот. Потребни се повеќе ѕвезди, балансиран ростер и солиден тренер кој ќе го вклопи целиот ростер во еден свој систем на работа.

Кога еден тим ќе победи на 50 натпревари во регуларната сезона, истиот тим нема да има шанса да драфтува високо во лотаријата. Тука на сцена стапуваат генералните менаџери и челните лица во канцлераиите. На овој начин, врвните играчи можат да се придобијат само преку трејдови или преку слободниот маркет.

Тони Паркер, кој уфрли 37 поени во елеминациски натпревар против Мемфис Гризлис во понеделникот, е играч кој е драфтуван со 28. пик во 2001 година. Ману Џинобили е драфтуван како 57. пик во 1999 година. Тиаго Сплитер, кој беше голем клуч од нивната одбрана во оваа пост-сезона е избор број 27 во 2008 година. Каваи Леонард беше избран со 15. пик и испратен во Сан Антонио преку трејд со Џорџ Хил, играч кој беше драфтуван со 26тиот пик во 2008 година.

Дени Грин го предводеше својот тим во одиграни минути во текот на регуларната сезоната и се воспостави себеси како еден од најдобрите шутери во лигата, а беше собран како играч кој бил исфрлен од Кливленд во 2011 година. Борис Диао се дебелеше во Шарлот, пред да биде исфрлен и собран во Сан Антонио на диета. Гери Нил беше 26-годишен недрафтуван играч пред Спарси да го соберат и да го потпишат на минимален договор пред 3 години. Нандо Де Коло и ДеЖуан Блер беа 53тиот, односно 37миот пик во 2009 година.

Тоа се тие мали потези кои им овозможија на Спарси перфектно да го избалансираат ростерот околу своите ѕвезди. Донесувањето на Данкан со прв пик на драфтот е дефинитивно среќа. Но сите други играчи кои беа доведени во тимот е резултат на потта кои ја вложија челните лица во канцелариите.

А тука и тоа лошо куче што каса во центарот. Грег Попович е недефинирана личност што се смета или за идиотски тип или пак за генијалец две класи пред сите нас. Во текот на натпреварот број 3 во недела, Поп ги извади сите 5 стартери од игра, а на навидок беше одличен периорд кој го играше Мемфис. Било кој друг да го направи тоа би бил наречен "глупак". Но тоа е залудно со Поп. Беше и залудно во неделата. Фактот што Попович има толку многу респект што кога ќе ги извади своите главни играчи и следни легенди во таа точка од натпреварот нема да се здобие со никакви чудни имиња, превртени очи или слично. Тоа кажува се.

Можете да кажете дека некои потези на кои тој се одлучува (намерни фаули, одмарање на своите ѕвезди во средина на сезоната) се глупави. Можеби и навистина се. Но кога ќе успеете толку колку што успеал Попович, тоа самото зборува. Ова не е обичен тренер. Ова е еден од најуспешните тренери во историјата на оваа игра, кој од 20-годишни таленти направил играчишта кои доминираат своевремено.

Сериозноста во оваа франшиза е клучот на се. Тоа буквално е клучот зошто тие беа успешни да го направат се она што напоменавме погоре во текстот и зошто сеуште се успешни во денешнава асоцијација. Секоја чест!

0 comments:

Post a Comment