Home » , » Марк Кјубан: "Далас е конкурент за титулата за две години"

Марк Кјубан: "Далас е конкурент за титулата за две години"

Written By Unknown on 29.5.13 | 18:26

Сопственикот на Далас Маверикс Марк Кјубан вели дека планира да го врати својот тим на врвот за две години. Да, две години.

Еве ја неговата изјава за „ESPNDallas“:

„Ние сакаме да направиме шампионски тим. Тоа не значи дека треба да освоиме титула годинава. Сеуште сакаме подобар тим, тим кој ќе биде високо рангиран. Доколку земеме некој од врвните слободни играчи, тоа не ни остава слободен простор за други играчи, но сигурни сме дека би имале добар ростер околу нив.“

Тоа би можело да се случи доколку прво го земат Двајт Хауард, кој е слободен агент оваа година, или пак земат некој од слободните играчи во летниот преоден рок во 2014 година: Леброн Џејмс и останата тројка на Мајами останува како опција, Кармело Ентони, Дени Грејнџер, Луол Денг и Пау Гасол меѓу другите.

“Сигурен сум дека ќе имаме добар тим, но не знам дали тоа би бил шампионски тим. Ако гледате на ова како двогодишен план, мислам дека до крајот на следната сезона ние би имале одличен тим, конкурент за титулата.“ - додаде Кјубан.

Идеата е еден од нив да му се придружи на Дирк Новицки и неговиот претпознатлив "fade-away", а се што им треба е висок играч и добар плејмејкер. Најисплатливо изгледа ќе биде да се гледа на 2014. Крис Пол најверојатно не го напушта тимот на Клиперс, а се поверојатно е дека Двајт Хауард ќе остане во Лејкерс или пак ќе премине во Хјустон.

Далас беше тим со .500 скор минатата сезона и го пропушти плејофот за прв пат по 2000 годинa. Главна причина за тоа беше повредата на Новицки која го држеше надвор од теренот првата третина од сезоната и намалувањето на ростерот кое Кјубан го направи веднаш по освојувањето на титулата.

Тоа беше паметен избор на Кјубан бидејќи е подобро да растурите нешто што не функционира порано, отколку подоцна. Но тој знае подобро од било кој друг дека на Далас му треба друга супер ѕвезда која би го подигнала тимот на повисоко ниво и би го направила долгорочен конкурент за титулата. И тоа и се труди да го направи, а воедно и да добие добар долгорочен договор.

Се на се, планот на Кјубан е подвеќе од добар, но на него останува да го оствари.

0 comments:

Post a Comment