Home » , » П.Џ. Карлисимо ја напушта тренерската позиција во Бруклин

П.Џ. Карлисимо ја напушта тренерската позиција во Бруклин

Written By Unknown on 6.5.13 | 21:24

Само 24 часа по елеминацијата на Бруклин по првата рунда од плејофот од страна на Чикаго, од Нетс соопштуваат дека привремениот тренер П.Џ. Карлисимо нема да остане на таа позиција во тимот од наредната сезона.

“Му се заблагодаруваме на Пи-Џеј за се што направи за нашата организација, и како тренер и како помошник-тренер. Му посакуваме светла иднина.“ - изјави ГМ на Нетс, Били Кинг.
Карлисимо ја превзеде позицијата како привремен тренер, откако Бруклин го отпушти нивниот главен тренер на почетокот на сезоната, по рекордот од 14-14 во Декември. Под палката на Карлисимо, тимот оствари 35 победи и 19 порази, но елеминацијата во 7 натпревари од Чикаго беше разочарувачка, но тоа беше само една од многуте причини зошто Били Кинг сака нов тренер во неговиот тим.

Сега за сега, главни кандидати за превземање на тренерската позиција во Бруклин се Џеф Ван Ганди, Фил Џексон, Џери Слоун и Брајан Шо.

0 comments:

Post a Comment