Home » , » НБА Драфт 2013: Бен МекЛемор

НБА Драфт 2013: Бен МекЛемор

Written By Unknown on 25.6.13 | 18:19

Бен МекЛемор од Канзас се очекува да биде еден од најдобрите бекови во овогодинешната драфт класа, но со кој пик заслужува да биде избран?

Име: Бен МекЛемор
Универзитет: Канзас
Возраст: 20 години, 4 месеци
Позиција: Бек
Висина: 1.95м
Тежина: 82.5кг
Статистика

Предвидување за драфт позициja: Број 2
Компарација со НБА играч: Реј Ален, Џејсон Ричардсон

Како средношколец во Сент Луис, Бен МекЛемор играше под сенка на поранешниот соиграч и сегашен бек во Вашингтон Визардс, Бредли Бил. Повредите не му дозволија да заигра во првата сезона во Универзитетот на Канзас, но потоа МекЛемор играше како сосема друг играч.

Времето за кое паузираше го искористи максимално. Тоа се исплати минатата сезона, кога за тимот на Џејхокс постигнуваше по 16 поени и 5 скока на 49% реализација од поле и 42% реализација од линијата за три поени и практично беше нивниот најдобар играч.

МекЛемор всушност е прототип за позицијата бек/шутер. Неговото тело (1.95 метри и 82 килограми), атлетичноста и мекиот шут се големи предиспозиции за играч од неговата позиција. Не многу играчи можат да се натпреваруваат во натпреварот за забивање и во 
натпреварот за тројки. 


Како и да е, покрај целиот негов талент, немаше голема задача во дресот на Канзас. Скоро 90 проценти од неговите поени ги постигнуваше по замисла на офанзивната, дали кружејќи околу блокови или отварајќи се во контра-напад. Како несебичен играч со слаби дриблерски способности, МекЛемор често знае да згасне кога нападот на неговиот тим е во криза. 

Но ако одбраната му дозволува да се отвара често, нема да промаши многу шутеви. Неговата шутерска игра е максимално ефикасна: постигна 33 поени при само 13 шута во натпреварот против Ајова и 30 поени во исто така 13 шута против Канзас Стејт. 

Во текот на неговата транзиција во НБА играч, прашањето е дали ќе биде способен сам да си ги создава тие отворени шутеви. Во НБА лигата, елитните бекови лесно можат да влезат во рекетот, да изнудат фаул, или пак да креираат шут за себеси или за своите соиграчи. Но ова се сите работи кои претставуваа проблем за МекЛемор во Канзас. За да стигне до Ол-Стар ниво, тој ќе мора да поработи на своите плејмејкерски способности и на создавањето шут за самиот себеси.

Неговата дефанизвна способност пак, за овие години е сосема солидна. Но секако, има голем простор за подобрување. Во лигата влегува како шутер и како солидна офанзивна опција што ќе донесе шут за три поени во секој тим.

1 comments:

  1. ne se sporeduva ovoj so rej-rej be, rej e pojse suterski igrac a ovoj e atletski

    ReplyDelete