Home » , » Бостон повторно се обидува да го доведе Џош Смит

Бостон повторно се обидува да го доведе Џош Смит

Written By Anonymous on 25.6.13 | 22:49

 Ако треба да им се верува на изворите блиски до Селтикси, управата на зелените се договорила со Хокси околу трејдот на Џош Смит. Имено, станува збор за “sing&trade“ понуда по која “Јастребите“ би ја продолжиле соработката со Смит, а потоа би го преселиле во Бостон.

Имено, овој пат за Селтикси е неизбежен пошто “поштено“ го преминаа “салари кепот“. За да овој договор остане можен, “Келтите“ ќе мора да се ослободат од својот долгогодишен капитен - Пол Пирс. Според истиот извор, за Пол Пирс се заинтересирани Кливленд Кавалирс и Милвоки Бакс.

Доколку Бостон го трејдува Пирс во еден од овие тимови, за возврат ќе добие пикови од следните драфтови. Џош Смит во текот на минатата сезона во просек постигнуваше 17.5 поени, 8.4 скока, 4.2 асистенции, 1.2 украдена топка и 1.8 блокади по меч.

0 comments:

Post a Comment