Home » , » НБА ДРАФТ - 2013

НБА ДРАФТ - 2013

Written By Anonymous on 28.6.13 | 15:00

 Во првиот НБА Драфт одржан во Бруклин, преполн со возбдувуњата и изнендувачки одлуки, Кливленд ја шокира јавноста и го избра Ентони Бенет како прв пик. Поранешниот студент на УНВЛ стана првиот Канаѓанин во историјата избран како прв пик.

“Еднакво сум изненаден како и сите други во салата. Немав поим дека ќе бидам прв пик, а ништо не ни ми покажуваше на тоа со обзир дека некои други момци беа фаворити. Се чувстувам сјајно.“ - вели Бенет.

По него, добро расположениот комесар Дејвид Штерн, го прочита името на дотогашниот бек на Индијана Хуџерс, Виктор Оладипо, кој како втор пик оди во топлата Флорида, односно во Орландо Меџик.

Мајкл Џордан и Шарлот Бобкетси одбраа уште еден Хуџер, Коди Зелер како 4. пик, а помеѓу Оладипо и Зелер, Вашингтон Визардс очекувано тимот го пополнија со талентираното крило, Ото Портер.

Времето поминуваше, очај на лицето на Ноел, најголемиот фаворит на драфтот. Феникс Санси како 5. пик го одбраа центарот на Мериленд, Алекс Лен. Во Аризона очекуваат дека овој 2.16м висок Украинец ќе им даде сигурност под кошот.

Пет минути потоа конечно е викнат Ноел на сцената и тоа како пик од Пеликанс, каде требаше да се спари со својот предходник од Кентаки, Ентони Дејвис. Сепак, следи шокантен трејд во кој овој млад центар ги појачува Сиксерс, а Џру Холидеј се сели во Пеликанс.
Суперѕвездата на Канзас, Бен МекЛимор падна во рацете на Сакраменто како 7. пик. “Кралевите“ во него добија потенцијален елитен бек. Интересно, МекЛимор веднаш по драфтот, го поздрави братот кој е во затвор.
Овогодишниот драфт ќе биде запаметен по уште неколку интересни трејдови. На пример, Минесота го одбра Треј Бурк како 9. пик и потоа го трејдуваше за 14. и 21. пик на Минесота, односно за Шабаз Мухамед и Георги Диенг.

Од 15. до 20. позиција на драфтот се избрани 4 интернационални играчи: Адетокоубо од страна на Бакс, Ногиера од страна на Селтикси, па преку Далас заврши во Хокс, Шроедер исто така во Хокси и Карашев како 19. пик во Кавс.

Да додадеме дека центарот, Стивен Адамас како 12. пик е избран од Оклахома. Поранешниот студент на Питсбург стана прв прв играч од Нов Зеланд избран во првата рунда на драфтот.


ПРВА РУНДА:

1. Кливленд Кавалирс - Ентони Бенет
2. Орландо Меџик - Виктор Оладипо
3. Вашингтон Визардс - Ото Портер
4. Шарлот Бобкетс - Коди Зелер
5. Феникс Санс - Алекс Лен
6. Филаделфија Севенти Сиксерс - Нерленс Ноел (преку трејд)
7. Сакраменто Кингс - Бен МекЛимор
8. Детроит Пистонс - Кентавус Калдвел
9. Јута Џез - Треј Бурк (преку трејд)
10. Портланд Траил Блејзерс - С.Џ. МекКолум
11. Филаделфија Севенти Сиксерс - Мајкл Картер-Вилијамс
12. Оклахома Сити Тандер - Стив Адамс
13. Босон Селтикс - Кели Олиник (преку трејд)
14. Минесота Тимбервулвс - Шабаз Мухамед (преку трејд)
15. Милвоки Бакс - Гјанис Адекотунбо
16. Атланта Хокс - Лукас Ногуериа (преку трејд)
17. Атланта Хокс - Денис Шроедер
18. Далас Маверикс - Шејн Ларкин (преку трејд)
19. Кливленд Кавалирс - Сергер Карасев
20. Чикаго Булс - Тони Шнел
21. Минесота Тимбервулс - Георги Диенг (преку трејд)
22. Бруклин Нетс - Мејсон Плуми
23. Индијана Пејсерс - Соломон Хил
24. Њу Јорк Никс - Тим Хардавеј
25. Л.А. Клиперс - Реџи Булок
26. Оклахома Сити Тандер - Андре Робертсон (преку трејд)
27. Јута Џез - Руди Гоберт (преку трејд)
28. С.А. Спарс - Ливли Џин-Чарлс
29. Феникс Санс - Арчи Гудвин (преку трејд)
30. Голден Стејт Вориорс - Немања Недович (преку трејд)

ВТОРА РУНДА:

31. Портланд Траил Блејзерс - Ален Краби (преку трејд)
32. Оклахома Сити Тандер - Алекс Арбинс
33. Кливленд Кавалирс - Кердик Феликс
34. Хјустон Рокетс - Ајзеа Канан
35. Вашингтон Визардс - Глен Рајс (преку трејд)
36. Сакраменто Кингс - Реј МекКолум
37. Детроит Пистонс - Тони Мичел
38. Милвоки Бакс - Нејт Волтерс (преку трејд)
39. Портланд Траил Блејзерс - Џеф Вајти
40. Портланд Траил Блејзерс - Грант Џерет
41. Мемфис Гризлис - Џамал Френклин
42. Њу Орлеанс Пеликанс - Пиере Џексон (преку трејд)
43. Атланта Хокс - Рики Ледо (преку трејд)
44. Атлата Хокс - Мајк Мускала (преку трејд)
45. Портланд Траил Блејзерс - Марко Тодорович
46. Денвер Нагетс - Ерик Грин (преку трејд)
47. Атланта Хокс - Раулзињо Нето
48. Л.А. Лејкерс - Рајан Кели
49. Чикаго Булс - Ерик Марфи
50. Мајами Хит - Џејмс Енис (преку трејд)
51. Орландо Меџик - Ромеро Озби
52. Минесота Тимбервулвс - Лорензо Браун
53. Индијана Пејсерс - Колтон Ајверсон
54. Филаделфија Севенти Сиксерс - Арслан Кажеми (преку трејд)
55. Денвер Нагетс - Џофри Лаувергин (преку трејд)
56. Детроит Пистонс - Пејтон Силва
57. Феникс Санс - Алекс Ориаки
58. С.А. Спарс - Дешон Томас
59. Минесота Тимбервулвс - Бојан Бујевич
60. Мемфис Гризлис - Јанис Тима

0 comments:

Post a Comment