Изненадувачки, Фила се одлучи да се одрекне од својот Ол Стар плејмејкер Џру Холидеј. Одличниот Холидеј минатата сезона беше главен диригент на играта на Фила. Постигнуваше 17.7 поени, 8.0 асистенции и 4.2 скока.
Иако Пеликанс го ангажираа Ноел и во момент на сите им се причини дека планот на управата на Њу Орлеанс е да оформи снажна центарска линија со Дејвис и Ноел, од таа приказна не остана веќе ништо. Ноел кој минатата сезона ги повреди лигаментите, а пред тоа доминираше во дресот на Кентаки, набрзо беше разменет со Холидеј.
Одлуката на управата на Пеликанс, на некој начин е изненадувачка и поради фактот дека одбиваа било каков разговор на тема на трејд со Гревиз Васкез, плејмејкерот кој беше втор во асистенции минатата сезона (9.0 во просек).
Ноел до повредата на коленото, во дресот на Кентаки бележеше 10.5 поени, 9.5 скока и дури 4.4 блокади по натпревар.
0 comments:
Post a Comment