Home » , » Лери Дру е новиот тренер на Милвоки Бакс

Лери Дру е новиот тренер на Милвоки Бакс

Written By Unknown on 1.6.13 | 11:03

Милвоки Бакс успеаа да постигнат договор и да го ангажираат Лери Дру за нов главен тренер на тимот. Лери Дру е 13тиот тренер во франшизата Бакс и доаѓа во тимот по 3 сезони тренерско искуство во Атланта Хокс.

“Задоволни сме што успеавме да постигнеме договор со Лери Дру за тој да стане нашиот нов тренер.“ - изјави ГМ на Бакс, Џон Хамонд.

55-годишниот Дру, претходно беше главен тренер во Атланта, каде што ги однесе Хокси до три последователни плејоф настапи, вклучувајќи го и влезот во втората рунда со елеминацијата на Орландо во 2011 година. Неговиот вкупен рекорд со Хокс во трите години изнесува 128-102. Пред да стане главен тренер на тимот, Дру беше нивниот асистент за 6 сезони, од 2004 до 2010 година.

Изминатава сезона, Дру со Атланта оствари рекорд од 44-38, што беше доволно за шестото место во Источната конференција. Атланта беше елеминирана во шест натпревари од Индијана Пејсерс во првата рунда од плејофот.

Со новиот ангажман, Лери Дру ја превзема позицијата на Џим Бојлин, кој беше привремениот тренер на тимот откако Скот Скајлс беше отпуштен во средина на сезоната. Бојлин не успеа да го однесе тимот на правите патеки и тие беа елеминирани со 4-0 од страна на Мајами Хит во првата рунда од оваа пост-сезона.

0 comments:

Post a Comment