Home » , » Ману Џинобили ги сака Пејсерс во финалето

Ману Џинобили ги сака Пејсерс во финалето

Written By Unknown on 1.6.13 | 21:58

Се чини дека одморот на Спарс веќе е предолг за нив, откако ги елеминираа Гризлис со 4-0 во Западното конференциско финале, па сега може на мира да ја следат далеку поинтересната серија помеѓу Мајами и Индијана и секако да излегуваат со изјави кои ќе го привлечат вниманието барем малку кон Тексас.

Додека скоро сите играчи избегнуваат да одговараат на прашања каде што треба да одберат фаворит што всушност ќе биде нивни противник, Ману Џинобили немаше ништо против да каже дека Индијана му е фаворитот во серијата од Источното конференциско финале. 

“Не дека како тим ги посакуваме Пејсерси како тим со кој би играле во финалето. Но мислам дека тука ни е многу важна предноста од домашен терен, што не би ја имале против Мајами. Тоа е голема разлика. Но сепак тоа незначи дека кој ја има предноста од домашен терен ќе ги освои сериите. Како и да е, сите би посакувале евентуалната мајсторка да ја одиграме на домашен терен.“
Шампионските тимови најобично мора да освојат барем еден натпревар на гости во финалињата, каде што форматот се менува во 2-3-2. Џинобили е во право за евентуалната мајсторка, што секако сите би сакале да ја одиграат на домашен терен.

0 comments:

Post a Comment