Home » , » Крис Андерсен суспендиран за натпреварот број шест во Индијанополис

Крис Андерсен суспендиран за натпреварот број шест во Индијанополис

Written By Unknown on 1.6.13 | 10:34

Откако не беше исклучен од натпреварот поради потегот што го направи над Тајлер Хенсброу, лигата на Крис Андерсен му изрече казна што ќе го суспендира од игра во натпреварот број 6 од Источните конференциски финалиња против Индијана Пејсерс.

На самиот почеток од втората четвртина од натпреварот во вторникот, Крис Андерсен и Тајлер Хенсброу влегоја во вербална расправија, при што двајцата играчи се здобија со технички фаули. Но по снимките што судиите ги прегледаа, увидоја дека физичката расправа ја започнал Андерсен, по што не беше исклучен од натпреварот, туку му беше досуден само неспортски фаул. 

И покрај тоа што "Брдмен" го продолжли натпреварот во кој Мајами победи со 90-79, НБА лигата ја корегира грешката на судиите и го суспендира Андерсен со неиграње на шестиот натпревар, кој ќе се одигра вечерва во Индијанополис. 

0 comments:

Post a Comment