Home » , , » Дени Грин постави нов рекорд за најмногу тројки во една финална серија

Дени Грин постави нов рекорд за најмногу тројки во една финална серија

Written By Unknown on 17.6.13 | 23:17

Дени Грин, младиот бек на Сан Антонио Спарс кој беше отпуштан 3 пати од Кливленд и Спарс во текот на својата кариера и човекот кој ја помина половина од својата кариера во Д-Лигата, сега е еден од најсериозните кандидати за MVP наградата на финалната серија помеѓу Сан Антонио и Мајами, во која Спарси имаат водство од 3-2.

Грин бессомнително е еден од главните фактори во победите на Сан Антонио над ланскиот шампион, особено со неговиот одличен шут од полето за три поени. Дени Грин во пет натпревари од Финалињата има постигнато вкупно 25 тројки, а со последната од петтиот натпревар во Сан Антонио го прекрши рекордот на Реј Ален, кој претходно постигна 22 тројки во финалната серија од 2008 година против Лос Анџелес Лејкерс. 


Вака изгледа реализцијата на Грин во текот на петте натпревари, а подолу може да ги погледнете сите 25 тројки, со што постави рекорд во историјата на НБА Финалињата:


0 comments:

Post a Comment