Home » , » Дејвид Ли успешно опериран

Дејвид Ли успешно опериран

Written By Unknown on 2.6.13 | 22:37

Повредата која Дејвид Ли ја заработи во неговиот прв плејоф натпревар во овогодинешната пост-сезона беше лоша, па операцијата е неизбежна.

Но Ли машки "стисна заби" и успеа да издржи барем уште месец дена без операција на скинатиот лигамент во колкот, се со цел да остане со својот тим, да им даде поддршка и мотивација за игра во одличната сезона за Голден Стејт Ворирс.

Веднаш што сезоната за Вориорс заврши, Дејвид Ли мораше на операција. Операцијата помина успешно и по успешната операција тој ќе биде спремен тренинг-кампот за наредната сезона.

Ли имаше навистина успешна сезона со Голден Стејт. Тој забележуваше во просек по 18.5 поени и 11.2 скокови по наптревар. За жал не успеа да му помогне на тимот во плејофот со директна игра на теренот, но затоа Ендру Богут заврши навистина добра работа со чија помош ги исфрлија Денвер од плејофот и ги измачија Сан Антонио со кој одиграа 6 натпревари во втората рунда, пред да бидат исфрелни од плејофот.


0 comments:

Post a Comment