Home » , » Џејсон Кид става крај на својата кариера

Џејсон Кид става крај на својата кариера

Written By Unknown on 4.6.13 | 00:54

Џејсон Кид му се придружи на ко-рукито од 1995 година Грент Хил и конечно се одлучи да стави крај на својата НБА кариера, во 40тата година од својот живот.

Потврдата на Џејсон Кид денеска става крај на 19-годишната кариера на уште една легенда, кариера која што е дефинира по несебичноста. Несебичноста е тоа што ја одржуваше кариерата на Кид на едно високо ниво, помагајќи му да ја освои својата прва НБА титула дури во 17тата сезона од својата кариера, правејќи го Кид еден од главните делови на Маверикс во освојувањето на титулата во 2011 година.

Џејсон Кид е еден од најдобрите плејмејкери во историјата на оваа лига и сигурно еден од многуте коишто ги зацртуваат последните две децении од НБА кошарка. Кид кариерата ја завршува како втор на вечната листа во асистенции и во украдени топки, веднаш зад Џон Стоктон. Во лигата влезе со катастрофален шут и го заработи името "Ason Kidd", без "Ј" поради неговиот лош скок-шут. Тоа всушност беше и единствената работа во играта на Кид која што беше лоша, но лоша само во неговата руки сезона. Во својата прва сезона реализираше само 27% од линијата за три поени, а кариерата ја завршува како трет најдобар шутер за три поени, позади Реџи Милер и Реј Ален. Ова е всушност фактот по што ќе биде запаметена неговата кариера.

Во врвот од неговата кариера, да се каже дека имало плејмејкер како Кид порано е нешто сосема непрецизно. Неговата распространетос и ол-араунд игра за плејмејкер висок 193cm му овозможуваше да прави баш се' на теренот без никаков проблем. Можеше да фаќа скокови и води контра-напади цела ноќ, а ги предводеше едни од најбрзите офанзиви во своето време. Неговата креативност на отворен терен беше магија. Заврши трет во историјата на НБА лигата во трипл-дабл учиноци, пред Лери Брд и Вилт Чемберлејн, а само позади Меџик Џонсон и Оскар Робертсон.


Драфтуван со вториот пик во 1994 година, Кид брзо стана Ол-Стар играч и им се придружи Џим Џексон и Џамал Машбурн за да ја свртат среќата на Маверикс по неговата руки сезона. Таа сезона, наградата за Дебитант на годината ја сподели со Грент Хил, кој исто така се пензионира од НБА кошарката пред неколку дена.

Во 1996 година, Кид беше трејдуван во Феникс Санс, во замена за Мајкл Финли, Еј-Си Грин и Сем Касел. Играше за Санс до 2001 година, каде што се здружи со Кевин Џонсон и Стив Неш. Подоцна во истиот тим на Феникс пристигна и Пени Хардавеј, со што беше замислено бековското дуо со кое тимот требаше да освои нешто повеќе. Но повредите го ограничија ова дуо и Кид повторно беше главна мета на трејд, при што беше испратен во Њу Џерси Нетс во замена за Стефон Марбори. Повторно, ја менува среќата на еден тим.




Со Њу Џерси Нетс стигна до две НБА Финалиња во 2002 и 2003 година. Кид беше MVP кандидат, но Њу Џерси не успеа да се избори за титулата и две години по ред губеше од ЛА Лејкерс и Сан Антонио Спарс.



Во 2008 година, Нетс и Маверикс се согласија на договор што ќе го испрати Џејсон Кид назад во Далас, а Девин Херис ќе заигра за Нетс. Веќе застарувачкиот Кид ја промени својата игра во Далас, играјќи повеќе без топката, но ја продолжи својата дефанзивна игра што му овозможи да добие 9 номинации во најдобрите дефанзивни тимови.

Веќе во 38мата година од својот живот, Кид конечно успеа да се закити со прстен во дресот на Далас Маверикс. Играше заедно со Џејсон Тери и Џеј-Џеј Бареа на бековските позиции, додека играше и голем дел од одбраната над Двејн Вејд. Кид беше од голема помош на Далас Маверикс во нивниот поход кон титулата, победувајќи ги Мајами Хит со конечни 4-2 во големите Финалиња во 2011 година.


Неговата кариера сепак не ја заврши во тимот со кој ја започна, туку под светлата на Медисон Сквер Гарден со Њу Јорк Никс. Со оглед на неговите години, неговиот придонес на теренот беше сосема солиден, но неговиот лидерски карактер смени многу работи во соблекувалната на Никс, помагајќи им на Ентони и останатите да ја одиграат најдобрата сезона во Њу Јорк во последната деценија. 

Џејсон Кид ќе биде запаметен како легенда на НБА лигата, еден играч кој оставил голем белег во историјата на оваа асоцијација. Ваков играч се раѓа еднаш, а тешко дека ќе се појави некој кој што ќе биде приближно добар во неговиот стил на игра. 

Секоја чест и среќна пензија, Господине трипл-дабл!

0 comments:

Post a Comment