Home » , » Шекил О'Нил

Шекил О'Нил

Written By Anonymous on 29.7.13 | 16:51

Кога во 2011. година Шек се пензионира, се пензионира како еден од најдобрите центари кои играле во историјата на НБА лигата, но и како еден од најдобрите играчи. Беше сила каква што досега НБА лигата немаше видено, беше доминантен, можеби и најдоминантниот играч во историјата заедно со Вилт Чемберлејн.

Во 1992. година пристигна во НБА лигата како 1 пик избран од Орландо Меџик. 19 години подоцна во дресот на Бостон Селтикс ја одигра својата последна НБА сезона. Низ кариерата О'Нил освои две титули за најдобар стрелец, и беше 8 пати член на првата НБА петторка. Покрај што играше во Меџик и Бостон, беше член на Лејкерси, Мајами, Феникс и Кавалирс. Титулата ја освои 4 пати, 3 со Лејкерси (по ред) и еднаш со Мајами. Освои 3 последователни МВП на Финалето награди. На Ол Старот настапи 15 пати, а 3 пати беше прогласен за МВП на тој натпревар. Во 1996. година О'Нил беше прогласен во ТОП 50. играчи на сите времиња, покрај тоа што имаше дотогаш изиграно само 4 сезони.

РАНИ ГОДИНИ

Шекил О'Нил, повеќе познат како Шек е роден на 6. март, 1972 година во Неварк, Њу Џерси. Отфрлен од својот биолошки татко, неговата мајка Луси О'Нил се омажи со Филип Херисон кога Шекил имаше 3 години. Додека Шек беше мал, неговото семејство живееше во базите на армијата во Њу Џерси, Џорџија, Западна Германија, и во Хјустон, Тексас.

Уште на 14 години О'Нил беше висок “само“ 2 метри и тогаш беше забележан од страна на тренерот на Луизијана Дејл Браун, кој беше на тура во Германија виде во Шек иден елитен НБА играч. О'Нил средното школо го заврши во “Cole High School“ во Сан Антонио, каде со својот тим во првата година имаше скор од 31-1. Во втора година Шек бележеше 32 поени и 22 скока по натпревар, и неговиот тим имаше скор од 36-0.

КОЛЕЏ

О'Нил имаше многу понуди од угледни факултети во Америка како Луизијана, Лоуисвил, УНЛВ, Северна Каролина Стејт и Северна Каролина. Се одлучи за Луизијана Стејт. Во првата сезона беше лидер во скокови и блокови. Беше избран два пати за “SEC Player of the Year“ и исто така беше два пати член во првата “All-American“ петторка.

Како “фрешмен“ (втора година) беше стартер на 28 од 32 натпревари, и стана првиот играч на универзитетот кој блокирал 100 шута во една сезона. Тој подоцна ќе го сруши сопствениот рекорд во следните две сезони. О'Нил бележеше 13.9 поени, што беше трет најдобар просек позади просеците на Крис Џексон и Стенли Робертс. По првата и втората сезона, О'Нил повторно беше избран за “All-American“ и повторно беше избран за “SEC Player of the Year“. Во својата трета сезона беше лидер во скокови (14.7 во просек). Во текот на 3. години на универзитетот тој успеа да забележи 5 трипл-далб учиноци со по 11 блокади. Унивезритетот го заврши како лидер во вкупно блокови и блокови по натпревар.

О'Нил веднаш потоа се реши да излезе на НБА драфтот. Едната година која му остана во факултетот ја заврши во 2000. година. Тој стана 4. играч во историјата на Луизијана на кого му е повлечен бројот.

НБА КАРИЕРА

Орландо Меџик:

Орландо Меџик во 1992. година го одбра О'Нил како прв пик на драфтот. Во 1993. година тој ја освои наградата за Руки на годината бележејќи 23.4 поени и 13.9 скокови. Меџик имаше 20+ победи таа сезона во однос на изминатата, и успеа за прв пат во својата историја да влезе во плејофот.

Следната сезона 1994-95, О'Нил ја освои наградата за најдобар стрелец на сезоната (29.3 поени по натпревар) и заврши втор во гласањето за МВП. Меџик сезоната ја заврши со 57 победи и тимот беше прв на истокот.

Орландо продолжи така и во плејофот, стигнувајќи до финалето, но Хаким и Рокетси беа прејаки. Меџик загуби со 4-0. Следната сезона ќе биде воедно и последна за О'Нил во Меџик. Тој испушти 28 натпревари поради повреда, но и покрај тоа Меџик имаа најдобар рекорд во својата дивизија и загубија во финалето на Истокот.


Лос Анџелес Лејкерс:
 По 4 сезони поминати во Орландо, О'Нил се реши своите таленти да ги однесе во Холивуд, односно во Л.А. Лејкерс со кој потпиша договор на 8. јули 1996. година.

Во Лос Анџелес се очекуваше многу по доаѓањето на О'Нил и Брајант, но сепак во првите три сезони не им одеше како што се очекуваше. Лејкерси загубија 4-1 во полуфиналето на Западот од Јута во 1997. година, 4-0 во финалето на Западот повторно од Јута 1998. година, и 4-0 во полуфиналето на Западот од Сан Антонио во 1999. година.

Но, со доаѓањето на Фил Џексон во сезоната 1999-00, Шек стана прва опција во нападот и притоа ја освои МВП наградата (негова единствена), бележејќи најмногу во кариерата 29.7 поени (лидер во НБА), 13.7 скокови, 3.0 блокови и 3.8 асистенции по натпревар. Тој стана првиот играч по Карим Абдул-Џабар кој завршил во ТОП 3 за поени, скокови, процент на шут и блокади. Лејкерси ја освоија титулата во 2000. година, нивна прва по 1988. година. О'Нил исто така беше именуван за МВП на Финалето во кое бележеше 38.0 поени и 16.7 скокови. На Ол Стар натпреварот беше исто така именуван за МВП, но наградата ја делеше со Тим Данкан. Стана 3 играч во историјата кои освоил МВП на сезона, МВП на Финале и МВП на Ол Стар натпреварот.
Шек Лејкерси ќе ги предводи до титулата и во следните две сезони. Во 2000-01, бележеше 33.0 поени, 15.8 скокови и 4.8 блокови по натпревар во НБА Финалето. Во 2001-02, Шек бележи 36.3 поени, 12.3 скока и 3.8 блока по натпревар исто така во Финалето. Во двата наврати е именуван за МВП на Финалето. Шек и Џордан (1991-93, 1996-98) се единствените играчи кои биле МВП на Финалето три пати по ред.

По поразот од Спарси во финалето на Западот во 2003. година, Лејкерси се вратија во НБА Финалето во 2004. година. Имаа предност на домашен терен и беа именувани за фаворити. Но, по првите два натпревари во кои Лејкерси загубија, Пистонси ги победија и следните 3, оставајќи ги Лејкерси само на 1 победа. Фил Џексон за прв пат загуби финале.

Шек беше на Ол Стар натпреварот во 7 од неговите 8 сезони во Л.А, и беше МВП на Ол Стар натпреварот во 2000 (наградата делена со Тим Данкан) и 2004. година.
По поразот во 2004. година од Детроит, односот помеѓу Шек и Коби се влоши, и сето тоа резултираше Шек да биде трејдуван во Мајами на 14. јули истата година за Керон Батлер, Бријан Грант и Ламар Одом.

Мајами Хит:


Со доаѓањето на Шек во Флорида Мајами оствари +17 победи во однос на минатата сезона во која имаа скор 42-40, а тогаш 59-23.

 Хит предводен од Вејд и Шек стигна до финалето на Истокот, но сепак Пистонси беа прејаки. О'Нил бележеше 22.9 поени и 10.4 поени - 13. сезона по ред во која имаше дабл-дабл учинок.

Но, на оваа низа и доаѓаше крајот следната сезона. Сепак, во 2006. година Мајами влезе во Финалето.

По резултат од 4-2 против Далас, Мајами ја освои својата прва титула во историјата.




Во сезоната 2006-07, Шек одигра најмалку во кариерата 40 натпревари и Хит имаше скор од 44-38, и загуби во првата рунда од плејофот. Следната сезона беше уште полоша 15-67 скор за Хит, и на 6. февруари 2008. година Шек беше трејдуван во Феникс Санс во замена за Мерион и Бенкс.

Феникс Санс:

Со доаѓањето на Шек во Санс се очекуваше барем уште еднаш да влезе во Финалето. Но сепак, неговото доаѓање не беше ништо посебно и не им помогна многу на Санси. Тие беа поразени во првата рунда во плејофот од 2008. година.
Во сезоната 2008-09 Шек доживуваше тешки моменти во кариерата. Но сепак го подигна својот просек на поени од 13.6 на 17.8 поени по натпревар и беше лидер во процент на шут 60.9% од поле. Неговите 75 натпревари изиграни таа сезона беа најмногу од сезоната кога се закити со МВП наградата. Санси победија 46 натпревари, но сепак не успеаа да влезат во плејофот. Ова беше прва сезона од својата руки сезона Шек да го испушти плејофот.

Кливленд Кавалирс:
Летото 2009. година, Кливленд Кавалирс кои се обидуваа да го донесат Шек за време на “трејд-дедлајнот“ се обидеа и за време на летото. Двата тима се согласија на договор кои го испрати Шек во Кливленд во замена за Бен Валас, Саша Мавлович и дополнителни пари.


На претставувањето, Шек рече дека неговата цел во Кливленд е да освои прстен за кралот, мислејќи на ЛеБрон Џејмс, тогашниот, а и сегашен МВП.

О'Нил сепак не почна добро во Кавс, пропуштајќи на стартот 6 натпревари поради повреда на рамото.

По повредите на двата плејмејкери во тимот, Шек ја презеде одговорноста за поентирање, и им помогна на Кавси да победат 11 натпревари по ред.

Сепак, се повреди повторно во февруари, и го пропушти остатокот од сезоната.

Се врати во тимот за првиот натпревар во плејофот, но Кавси беа поразени од Селтикси во втората рунда од плејофот.







Бостон Селтикс:
Летото 2010. година, Шек кој до тогаш заработуваше околу 20тина милиони по сезона, не можејќи да најде тим се реши да игра и за ветерански минимум, а Бостон Селтикси веднаш го донесоја во својот тим. Потпиша на две години.

Шек сезоната ја почна во првата петторка, главно поради повредата на Кендрик Перкинс. Сепак, повредите завладеаа со Шек и тој не успеа да биде за трет пат избран на Ол Старот (втор пат по ред). Шек изигра само еден натпревар по повредата и се врати во полуфиналето од плејофот помеѓу Мајами и Бостон. Изигра 8 минути во натпреварот 3 и 4, а во натпреварот 5 Бостон беше елиминиран. За прв пат Шек играше плејоф како резерва.

На 1. јуни 2011. година Шек објави дека се пензионира.

Односот со Коби Брајант:

О'Нил и Коби Брајант играа заедно од 1996 до 2004 година. О'Нил потпиша како слободен играч за Лејкерси во 1996. година, а истата година преку драфтот Лејкерси го придобија и Брајант. О'Нил во многу наврати тогаш изјавуваше дека ќе биде поголемиот брат на Брајант, додека Коби не сакаше да биде именуван како “помал брат“. О'Нил сепак го научи Коби на лидерство и искуство.

Нивниот однос почна да се нарушува на почетокот од сезоната 1998-99, кога Брајант сам најави дека сака да биде лидер. Публиката нарушувањето на односот го виде на почетокот од 2002. година кога О'Нил го повреди прстот и Лејкерси имаа слаб старт на почетокот. Брајант почна да зборува против О'Нил главно поради повредата и
nеговата слаба поврзаност со тимот.

Во подготовките за сезоната 2003-04, Брајант беше уапсен за сексуален напад и исто така го пропушти тренинг кампот поради повреда на коленото. О'Нил тогаш прв пат ги “испука“ првите куршуми кон Коби велејки дека Лејкерси биле целосни за време на тренинг кампот мислејќи на тоа дека Коби не е толку важен за тимот. О'Нил исто така рече дека Коби треба повеќе да подава, ако сака титули. Во интервју со Џим Греј, Брајант се запраша за лидерството на О'Нил и рече дека треба повеќе да ослаби затоа што ги поминал сите греници. Ова прерасна во војна преку медиумите.
Работите се влошија по поразот во финалето од Пистонс во 2004. година. На Фил Џексон не му беше понуден нов договор, а Шек побара трејд преку телевизија. По трејдот во Хит, Шек го нарече Коби кловн.Коби веднаш потоа во интервју додаде дека Шек им плаќал на жените со кои што спиел по 1 милион долари, додека пак Шек ги демантираше овие гласини велејќи дека Брајант купувал љубов, а не тој. Ова веднаш го налути Брајант по што тој и купи многу вреден прстен на својата жена.

Медиумите забележаа дека и во 2006. година на 16. јануари О'Нил и Брајант се поздравија пред почетокот на натпреварот. О'Нил рече дека Бил Расел го натерал да се “смири“ со Коби. Но, за време на оф-сезоната во 2007. година О'Нил го спомна Брајант во својата рап песна каде што рече “Коби не би успеал без мене“ главно мислејќи и покажувајќи на поразот од 2008. година од Бостон. Шек го обвини Брајант и за својот развод. Сепак, Шек на крајот од 2008. година рече дека Џексон е виновен поради нарушувањето на нивниот однос.

0 comments:

Post a Comment