Home » , » Според ESPN, Џејмс е најпопуларниот кошаркар на планетата

Според ESPN, Џејмс е најпопуларниот кошаркар на планетата

Written By Anonymous on 29.7.13 | 15:04

ЛеБрон Џејмс конечно ја поврати титулата за најпопуларен кошаркар во НБА лигата. Во анкетата на „ESPN“ доби 12.9% гласови.

За 0.4% гласови го надмина играчот на Л.А. Лејкерс Коби Брајант, за кого изгласаа 12.5% од новинарите. Џејмс на Брајант оваа титула прв пат му ја зема од сезоната 2008-09, кога го победи додека играше за Кавалирс.

Почнувајќи од сезоната 2006-07, па се до 2011-12, Брајант беше избиран за најпопуларен кошаркар во 5 од можни 6 наврати.

На третото место (3.6%) оваа сезона се најде Кевин Дурент од Оклахома, а следи Дерик Роуз, и Двејн Вејд.

0 comments:

Post a Comment