Home » , » Официјално: Перо Антиќ е нов играч на Атланта Хокс

Официјално: Перо Антиќ е нов играч на Атланта Хокс

Written By Anonymous on 25.7.13 | 21:30

Атланта Хокс ќе потпише договор со Перо Антиќ, македонскиот репрезентативец, потврди ГМ на Атланта Дени Фери денеска. Според извештаите кои доаѓаат од клубот, финансиските детали сеуште не се договорени.

Антиќ, кој минатите две сезони ги одигра во Олимпијакос во грчката кошаркарска лига и Евролигата, и му помогна на тимот да освои две титули по ред во Евролигата бележејќи по 6.2 поени и 3.3 скока за околу 15.2 минути на паркетот во 30 натпревари. Од поле шутираше .432%, за три поени .321%, а од линијата за слободни фрлања .714%.

“Перо е снажен и паметен висок играч кој ќе ни донесе само квалтитет“ - вели Дени Фери. “Тој добро ќе се вклопи во тимот кои што го склопуваме и возбудени сме поради тоа што тој ќе игра за нас.“

Македонскиот репрезентативец, Антиќ својата професионална кариера ја започна во 1999. година во Македонија играјќи за Работнички. Исто така играше за Аик Атина, Црвена Ѕвезда, Академика Софија, Локомотив Кубан и Спартак Петербург.

Исто така, 30-годишниот Антиќ кој е капитен на нашата репрезентација, му помогна на нашиот тим во 2011. година на ЕвроБаскетот да стигнеме до полуфиналето постигнувајќи 11.5 поени со 8.8 скока. Во 11 натпревари тогаш, имаше 3 дабл-дабл учиноци.

0 comments:

Post a Comment